ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА РАБОТА НА БРОД
секој вторник во 11.00 часот
Секој вторник во салата за презентации на Коузон во новите канцеларии на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 се врши професионална презентација за вработувања на Cruises Компаниите... Читај Повеќе
КОУЗОН ВРАБОТУВАЊЕ е дел од Коузон Корпорација која 14 години успешно работи во Македонија и во сите Балкански држави.
Основната идеја при формирањето на Коузон Вработување ни беше да го издигнеме системот на селекција, обуки и вработување на кадрите од Македонија, за вработување во земјата и странство на највисоко можно ниво.
Денес , од оваа перспектива на развојот на Коузон Вработување , можеме слободно да кажеме дека успеавме во целост. Прераснавме во своевиден лидер во оваа област во сите Екс-Ју Републики , респектиран и признаен партнер на многу големи светски и интернационални компании и корпорации .
Коузон во Македонија има своја мрежа на канцеларии кои им нудат можност на сите апликанти да аплицираат блиску до своето место на живеење , да добијат квалитетна обука и секако да бидат вработени во Македонија или надвор од неа.
Наша специјалност и натаму е CRUISES индустријата како дел од светската берза на трудот од областа на угостителството .Од оваа област наши партнери се најголемите светски бродски компании со кои работиме повеќе од 11 години.
Иако Македонија нема море, преку нас доби врвни морнари и поморски амбасадори ширум океаните на светов .
Во 2008 година Коузон Вработување отвори свој тренинг центар во кој ги реализираме сите видови на обуки од областа на угостителството и обуки за странски јазици.
Младиот тим на Коузон Вработување е секогаш целосно професионален и љубезен во услугите спрема своите клиенти.
НЕ ГО СОНУВАЈ ЖИВОТОТ – ЖИВЕЈ ГО СОНОТ ( Live your dream ) со Коузон Вработување !!!!
Со Почит
Коузон Вработување


























