За Work & Travel програмата

ЗА WORK & TRAVEL ПРОГРАМАТА

Изјава на една мајка на учесник во програмата W&T по неговото враќање од САД ( цитат ) –

„ ВИ БЛАГОДАРАМ ШТО ОД МОЕТО ДЕТЕ НАПРАВИВТЕ ЗРЕЛ ЧОВЕК. НАЈИСКРЕНО ИМ ПРЕПОРАЧУВАМ НА СИТЕ МАЈКИ ДА ГО ИСКУСАТ ОВА НЕИЗМЕРНО ЗАДОВОЛСТВО НА ПОЗИТИВНА ПРЕОБРАЗБА НА СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ ПРЕДИЗВИКАНА САМО СО УЧЕСТВО ВО ОВАА ПРОГРАМА “

Голема можност и привилегија за студентите апликанти за програмите на Коузон, е и Work and Travel програмата за летна работа во САД. Основна цел на оваа програма е запознавање на Американската култура , традиции и начини на организирање и функционирање на економските единки.

Work and Тravel USA програмите се уникатен и возбудлив начин низ кој студентите ќе можат да го запознаат Американскиот начин на живот како и да заработат пари т.е $ . Студентите од различни држави имаат можност да работат во САД за време на летниот одмор. Таа привилегија e и сама привилегија за себе бидејќи нашите студенти ќе стекнат и интернационални пријателства со студенти од цел свет кои исто така се дел од оваа извонредна програма .

Изборот на работа и место за престој во САД го врши исклучиво студентот апликант , врз основа на своја желба , сознание или пак препорака од свои колеги или професионално ориентирање на вработените од Коузон студентски сервис .Работните понуди се најразлични и редовно се прилагодени на можностите и знаењата на студентите .
Безусловно сите работни понуди се сезонски и поврзани со сезонска активност во високо-туристички подрачја на САД .

Најчести работи кои се нудат од областа на туризмот се : (келнери,шанкери, касиери, продавачи, рецепционери, собари......)

Зони кои се најатрактивни се – Флорида, Северна и Јужна Кaролина, Мериленд , Њу Џерси и Њујорк , Масачусетс, Мејн, Пенсилванија, Илиноис, Охајо, Тексас, Калифорнија, Монтана и други.

Работните договори се од 9 недели до 4 месеци. Визата што ги поддржува Work and Travel програмите е Ј-1 со важност од 4 до 5 месеци максимален дозволен престој од кој 4 месеци за работа и 1 месец туристички престоза студентот да можел подобро да ги запознае убавините САД.

Накратко, Work and Travel програмите Ви овозможуваат едно несекојдневно искуство, можност да го видите светот не само како туристи туку и да станете дел од социјалниот живот на една друга држава- АМЕРИКА (САД). Оваа програма исто така Ви дава и можност да научите јазик и стекнете искуство со луѓе од различни националности, живеејќи и работејќи со нив.

Годинава Коузон Ви го нуди следниот избор на Work and Travel програми: