Добредојдовте на веб страницата на Коузон
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНО ИНТЕРВЈУ ЗА ROYAL CARIBBEAN ВО СКОПЈЕ

На 8 и 9 септември во Скопје Коузон Вработување го реализираше најавеното големо интервју за вработување на оваа интернационална Cruises компанија .
Во долична атмосфера во новите канцеларии на Коузон Корпорација , Г-ѓата Лорна Ратклиф , * регрутер за RCCL , CCL , Azamara Cruises , разговараше и избра голем број на кандидати од Македонија, Србија и Бугарија.
На ова интервју ние предложивме широк спектар на квалификувани кандидати од најразлични позиции. Избрани за вработување беа бартендери , бар сервери , помошници келнери ( голем број ) , кафе и pool attendant , youth staff позиции , администратори , рецепција и front desk позиции и многу, многу други.

Одличната соработка со оваа водечка Cruises корпорација продолжува и во периодот што следи . Веќе следната недела ќе имаме Skype интервју за IT позиции , International Hostes , Purser, аниматори за спорт и многу други.
За сите Вас кои би биле заинтересирани за вработување на оваа или некоја друга Cruises компанија со која ние работиме , Ве покануваме да аплицирате што е можно поскоро , бидеќи месеците што следат ќе бидат преполни со активности и интервјуа.

Ве очекуваме , повелете да Ве поведеме во светот на Џет сетот.

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ ОД МОРНАРИ

Со новата веб страна ( која е во припрема ) Коузон планира да воведе и специјална ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ НА МОРНАРИ – „ По светските мориња – Македонските морнари“.
За таа цел Ве покануваме сите Вас кои сте пловеле , пловите или ќе пловите во иднина , да ни испраќате Ваши фотографии снимени на бродовите , на пристаништата , плажите или градовите што ги посетувате. Секако добредојден ќе биде и мал коментар , ваши интересни случки , доживувања и сл.

Ние ќе изготвиме посебна галерија на слики за секој од Вас и тоа ќе биде достапно за сите идни потенцијални кандидати.

Се надеваме дека оваа иницијатива ќе ја прифатите и ќе соработувате со нас.
Вие сте нашата гордост , Вие сте македонските поморски амбасадори.
Ви посакуваме мирно море , успешен работен договор, унапредување и многу , многу заработени пари – од Тимот на КОУЗОН

ОБУКА ЗА БАРТЕНДЕРИ - Коузон и BARevolution

WaiterДоколку сте работеле на некоја бродска компанија , независно од Вашата работна позиција и работен договор , Ве покануваме да се ПРИЈАВИТЕ за новиот сервис на услуги кои Коузон Вработување ќе го отпочне од Септември.

На барање на наши деловни партнери во Македонија и неколку држави на Европската Унија , Коузон ќе врши селекција , дообука и вработување на работни позиции од угостителството , туризмот и некои услужни дејности . Нашите партнери искажаа спремност и задоволство тие вработувања да бидат реализирани од искусни интернационалци со работно искуство од Cruises индустријата .

Доколку Вие имате желба и потреба од поквалитетно вработување , секако дека сте добредојдени да се пријавите со Вашето CV и препораки од работата на брод.

Процесот е едноставен , само испратете на zoran@kouzon.com.mk е-маил со бараните документи . Од вработувањеата во Македонија , најзначајни ќе бидат најавите за отварање на неколку бренд имиња на хотели, казина и ексклузивни ресторани. Од вработувањата во ЕУ – работни позиции во реномирани туристички центри во зимски и летен период . Коузон Вработување – Ваш пат кон подобра иднина

Работа во Duty Free Shop

Duty Free Shop

Зошто не би работеле и ВИЕ во Duti Free Shop за една од најдобрите Европски cruises компании

Аплицирајте на 02 329 66 43 или на kouzon@mt.net.mk