Work and Study Spain

ОТКРИЈТЕ ЈА ШПАНИЈА

    Програма за практичен тренинг во хотели и кантри клубови во Шпанија со престој од 8 недели до 6 месеци .

    Учесниците на програмата ќе ги подобрат јазичните способности и ниво на комуникација и ќе се здобијат со знаења за шпанскиот пазар.

    Локација

    • Програмата трае минимум 8 недели и максимум 6 месеци. Учесниците на програмата се сместени во хотели од 3 * до 5 *или кантри клубови и може да добијат позиција во било кој дел од Шпанија.

    Услови за аплицирање

    • Учесниците треба да бидат помеѓу 18 и 28 години
    • Да имаат добро познавање од шпански јазик
    • Да бидат мотивирани, флексибилни и отворени
    • Понудената позиција значително ќе зависи од познавањето на шпански јазик, претходното искуство и академско образование.

    Јазичен курс

    • Доколку учесникот сака да ги подобри способностите за говорење шпански, ПУРОМУНДО ја нуди можноста за изучување во познати јазични училишта во Севиља со максимум 10 ученици во училница.
    Услови за време на програмата
    • Учесниците треба да очекуваат дека ќе работат помеѓу 38 и 40 часа неделно и дека ќе потпишат договор каде се наведени условите и обврските и ќе примат минимален месечен износ од 200 евра.

    Сместување и оброци

    Учесниците се сместени во посебно сместување за вработени со вклучен полн пансион. За време на јазичните курсеви студентите се сместени во апартмани со други учесници лоцирани во центарот на градот.

    Цени

    • Такса за регистрација и трошоци за брза пошта - неповратни средства 10 000 денари.
    • Такса за сместување и координација - 530 евра
    • Такса за сместување + 2 неделен курс по шпански, сместување во стан без храна - 1030 евра
    • Такса за сместување + 4 неделен курс по шпански, сместување во стан без храна - 1530 евра
    • Граѓанско осигурување - 60 евра
    • Локација : Канарски острови, Мајорка, Андалузија (Коста дел Сол, Кордоба, Гранада, Кадиз, Уелва), Каталуња (Барселона, Џирона)

Галерија