WORK AND STUDY

1

Language Center ACCESS , SYDNEY

Што претставува програмата ?


Оваа програма им овозможува на студентите да работат додека го изучуваат англискиот јазик во Сиднеј. Ова е одлична можност за секој кој сака да работи и да студира во Австралија.
Програмата ви помага при креирањето на вашето CV, добивање на даночен број, работна дозвола (за оние кои имаат Австралиска студентска виза), формалностите околку добивањето на работа и други информации поврзани со вработувањето во Австралија. Ние им помагаме на студентите да ги завршат сите бирократски формалности и документи и да почнат да работат.
На студентите им се гарантираат 3 интервјуа со работодавци за работа во угостителството (на пример работа во бар, ресторан, и сл.) интервјуата за работа се одржуваат во периодот од првите 4 недели по пристигањето или кога ќе се достигне intermediate level на англискиот јазик. Просечна плата е 12-18 Австралиски долари на час.

Кој може да аплицира за програмата?

Студенти кои имаат минимум 18 години и кои го владеат англискиот јазик на минимум intermediate level. Целосната апликација мора да се испрати минимум 2 месеци пред почетокот на курсот и студентите треба да посетуваат минимум 8 недели настава. На студентите ќе им бидат потребни и 2 препораки од работодавци.

Видови на виза

Working Holiday Visa – На студентите им е дозволено да студираат максимум 16 недели и нема рестрикции за бројот на работни часови.
Student visa- На студентите им е дозволено да студираат максимум 52 недели, и може да работат максимум 20 часа неделно. За апликантите за студентска виза е важно да разберат дека примарна цел на оваа виза е да студираат а не да работат. Затоа, работата која ќе ја добијат не смее да има приоритет пред  студиите.

Подршка и менаџирање

На студентите им се наоѓаат работодавци врз основа на нивните барања и врз основа на достапноста на работодавците. На студентите им се дава 24 часовна подршка за да им помогне да ги решат проблемите со работодавците или било какви други проблеми.

Услови за програмата

-пополнете ја апликацијата  и наведете дека сакате да учествувате во Work and Study програмата.
-треба да ја платите целата сума и да потпишете изјава дека сте запознаени со сите услови на програмата
-апликантите за W&S мора да посетуваат курс минимум 8 недели
-мора да имаат познавање од англискиот јазик минимум intermediate level. Аcess врши тестирање за нивото на англиски јазик.
-мора да имате работно и здравствено осигурување за целиот претстој,
-ако апликантите се откажат од програмата во било кој период, не се враќаат уплатените средства
- Во случај да не се добие потребната виза (одбивање од страна на амбасадата ) неповратни се 200 долари
-на секој апликант ќе му бидат организирани до 3 интервјуа со работодавци. Доколку не биде прифатен од ниту еден од нив или ги одбие сите 3 понуди, Аcess не сноси одговорност и нема да организира понатамошни интервјуа.

Access Language Center, Сиднеј

  • Основан e во 1997 година
  • Член на College House Group
  • Целосна акредитација од NEAS
  • Авторизирано од  DEEWR со CRICOS кориснички број 01738Е
  • Член на IALC, EA, WYSETC, Study in Australia

Училиштето се наоѓа во центарот на Сиднеј каде што се наоѓаат најпопуларните туристички атракции. Во близина на училиштето е и Darling Harbour, најпопуларната дестинација во Сиднеј за одмор и забава.

Во центарот на градот е историската област Рокс, местото каде што живееле првите жители на градот. Во областа се наоѓаат многу ресторани, барови, кафетерии и продавници каде што може да се купат многу сувенири.

Во јазичниот центар Аccess студентите не само што го изучуваат странскиот јазик туку и стекнуваат доживотни пријателства со студенти од целиот свет. Се организираат многу социјални случувања, училишни излети и забави, посета на зоолошката градина, аквариум, галерии , караоке и многу други слободни активности.
*Потребно е да имате минимум 18 години за да ги посетувате курсевите

INTERNSHIP        

INTERNSHIP AUSTRALIA

Што претставува програмата?
Оваа програма им овозможува на студентите да стажираат во компании во Австралија. Со тоа студентите се стекнуваат со практично искуство од областа на студиите. Студентот има можност да избере дали интерншип програмата ќе биде проследена со интензивен јазичен курс по англиски јазик или не.
Оваа програма ги опфаќа трите главни елементи кои се битни за студентите :

  • Усовршување на јазикот
  • Професионално усовршување 
  • Културно надоградување

Придобивките од програмата се големи. Студентите ќе се стекнат со работно искуство кое ќе им е од голема корист понатака во кариерата а истовремено ќе го усовршат јазикот и ќе ја искусат австралиската култура.

Цели на програмата

  • Да се подобрат професионалните способности од областа на студиите;
  • Да се подобри комуникациската способност на англискиот јазик во автентична професионална средина;
  • Студентот ќе ги запознае Австралиските техники , методологии и начин на работење;
  • Ќе им помогне на студентите да ја разберат Австралиската култура и општество.

Кој може да аплицира за програмата?
Студенти постари од 18 години кои имаат познавање на англискиот јазик од најмалку Upper Intermediate Level.  Апликантите се тестираат писмено пред почетокот на програмата и понекогаш имаат и телефонско интервју пред почетокот на програмата.  Ако студентот не го владее англискиот на потребното ниво, потребно е да запише 2-4 неделен супер интензивен курс по англиски јазик. Студентот мора да покаже особен интерес во остварувањето на мисијата во компанијата во која ќе работи, да се придржува до нејзините пропишани правила на работа и однесување.
Целосната документација треба да се добие 3 месеци пред почетокот на програмата и дури тогаш ќе започне потрагата по фирма-домаќин.

Области на интерншипот:
Организација на настани, животно осигурување, медиуми/филм, маркетинг, угостителство, увоз/извоз, човечки ресурси, финансиски менаџмент, право, туризам, консалтинг, фармација, човечки ресурси, информациска технологија, графички дизајн, администрација, грижа за деца, архитектура, инвестирање, недвижнини, рекламирање, хотел менаџмент и сл.

Трошоци за интерншип (Без вклучен курс по англиски јазик)
2000 ден Апликација
3-6 недели 1047 $ АU
7-12 недели 1373 $ AU
13-24 недели 1690 $ AU

Напомена : Во цената не е вклучен трошокот за австралиска виза, авио билетот, патничко и здравствено осигурување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



DEMI PAIR ПРОГРАМА  

Што претставува програмата?

Оваа програма го комбинира Интензивниот курс по англиски јазик (општ, академски или деловен англиски јазик, или подготвителен за IELTS и Кембриџ тестирањето), со чување и грижа за деца и полесни домашни задачи. Студентот ќе добие сместување, оброци и неделен џепарлак (од 120 до 150 АU$ неделно).
Студентите ќе имаат часови по англиски јазик од понеделник до петок (од 8.30-12.50 или од 9.40 до 14.30. Курсот по англиски започнува секој понеделник ,преку целата година. По завршувањето на часовите, студентите имаат работа со семејството и имаат околу 20 работни часови неделно.

Кој може да аплицира за програмата?

Студенти постари од 20 години кои имаат значително искуство со работа со деца (2 препораки се потребни за да се потврди тоа)и кои го познаваат англискиот јазик мин Intermediate Level и валидна возачка дозвола. Ако студентот не го владее англискиот јазик, потребно е да се запише предходно на супер интензивен курс по англиски јазик во времетраење од 2-4 недели.
Студентот треба да е мотивиран,одговорен, флексибилен и да превзема иницијатива во семејството. Исто така треба да се придржува до правилата на семејството.
Целосната апликација треба да се добие најдоцна 3 месеци пред почетокот на курсот. Семејство се бара откако студентот ќе биде прифатен од програмата, ќе се добие целосната документација и се уплати целата сума.

За работата во семејството

Студентите ќе треба да работат околу 20 часа неделно за нивната Demi Pair фамилија. Работните часови и задачи ќе варираат во зависност од потребите на семејството, во просек од 4-5 часа дневно.
Demi Pair програмата е поврзана со грижа за децата, нивна подготовка за училиште, носење или земање од училиште/градинка, организирање на активности, подготовка на лесни оброци,вечера, помош околу домашните работи на децата, капење и сл. Може да се бара и помош околку домашните работи, облеката, чистење, пеглање, готвење, перење и пазарење во маркет.
Најголем дел од викендите студентот е слободен. Сепак, повремено, семејството може да побара од студентот да се грижи за децата и преку викенд. Ние бараме и од студентите и од семејствата да бидат флексибилни.

Типови на виза

Студентите мора да имаат Student visa или Working Holiday Visa. Минимум должина на курсот и програмата е 12 недели.

Подршка и менаџирање со програмата

Студентите се поврзуваат со семејства врз основа на нивните барања и врз основа на барањата од семејствата. Потоа имаат разговор преку Skype. Сиднеј е голем град и понекогаш е потребно и 1 час превоз во еден правец.
На студентите им се нуди 24 часовна подршка за било каков проблем.
Потребно е да се остави депозит од 480 АU $ за 2 недели кои треба да се уплатат при запишувањето во случај студентите да пристигнат порано и семејството да не е во можност да ги прифати веднаш.

Трошоци за програмата
Demi Pair Placement fee 300$
Demi Pair Bond Deposit 300$
Homestay Deposit 480$
Апликација Коузон 2000 денари.

Напомена- трошоците за јазичен курс, виза за австралија како и сите други дополнителни трошоци (преводи на документи, брза пошта и сл. не се вклучени во цената).