ОТКРИЈТЕ ЈА ШПАНИЈА
Програма за практичен тренинг во хотели и кантри клубови во Шпанија со престој од 8 недели до 6 месеци .
Учесниците на програма ќе ги подобрат јазичните способности и ниво на комуникација и ќе се здобијат со знаења за шпанскиот пазар.
Локација
• Програмата трае минимум 8 недели и максимум 6 месеци. Учесниците на програмата се сместени во хотели од 3 * до 5 *или кантри клубови и може да добијат позиција во било кој дел од Шпанија.
Услови за аплицирање
• Учесниците треба да бидат помеѓу 18 и 28 години
• Да имаат добро познавање од шпански јазик
• Да бидат мотивирани, флексибилни и отворени
• Понудената позиција значително ќе зависи од понавањето на шпански јазик, претходното искуство и академско образование.
Јазичен курс
• Доколку учесникот сакаа да ги подобри способностите за говорење шпански, ПУРОМУНДО ја нуди можноста за изучување во познати јазични учулишта во Севиља со максимум 10 учесници во училница.
Услови за време на програмата
• Учесниците треба да очекуваат дека ќе работат помеѓу 38 и 40 часа неделно и дека ќе потпишат договор за три странки каде се наведени условите и обврските и ќе примам минимален месечен износ од 200 евра.
Сместување и оброци
Учесниците се сместени во посебно сместување за вработени со вклучен полн пансион. За време на јазичните курсеви студентите се сместени во апартмани со друфги учесници лоцирани во центарот на градот.
Цени
• Такса за регистрација и трошоци за брза пошта - неповратни средства 10 000 денари.
• Такса за сместување и координација - 530 евра
• Такса за сместување + 2 неделен курс по шпански, сместување во стан без храна - 1030 евра
• Такса за сместување + 4 неделен курс по шпански, сместување во стан без храна - 1530 евра
• Граѓанско осигурување - 60 евра
• Локација : Канарски острови, Мајорка, Андалузија (Коста дел Сол, Кордоба, Гранада, Кадиз, Уелва), Каталуња (Барселона, Џирона)


























