СТУДЕНТСКА БЕРЗА
Сервисот за работа на Студентската берза е комплетно бесплатен за сите студенти во Македонија
Коузон Студентски сервис е единствена студентска агенција во Македонија која веќе 6 години активно рабноти на создавање на студентска берза. Активностите на овој проект се насочени кон две глобални целини и тоа :
1. БЕРЗА НА БАРАТЕЛИ ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА – сезонска активност
2. БЕРЗА НА СТУДЕНТИ ЗА PART TIME JOB ВО МАКЕДОНИЈА – целогодишна активност
( во рамките на оваа aктивност е отворена можност за работа во Коузон Студентски сервис за која треба само да се пријавите )
Системот функц ионира едностравно за што е потребно само да се направат следниве чекори :
-
1. Студентот – апликант да пополни апликативен формулар и го достави до една од канцелариите на Коузон Студентски сервис во Македонија ( со симнување од веб страната на Коузон или пополнување на on-line апликација на истата веб страна )
2. Ќе биде контактиран од Коузон за прелиминарно интервју ( разговор ) за утврдување на точните податоци наведени во апликацијата , желбата за извршување на одредена активности , утврдување на градот или регионот, утврдување на потенцијалните компании и дефинирање на временскиот период .
3. Внесување во базата на студенти апликанти – на Коузон Студентски сервис и добивање на уникатен ID број .
4. Се договара средба со потенцијалниот понудувач на бараната активност и студентот во просториите на Коузон или во компанијата .
Студентите апликанти за овие програмски активности на Коузон Студентски сервис се стекнуваат со право и на понуда на активно вработување во Македонија на барање на некој од партнерите на Коузон вработување .
Доколку Вие одлучите да бидете дел од оваа единствена студентска берза – ќе бидите пред сите други во исполнувањето на вашите студентски обврски според Болоњската конвенција за практична работа , како составен дел од Високообразовниот процес и секако пред сите други во можноста да се презентирате и самопласирате пред потенцијален работодавец.

























