Бидете дел од еден од најдобрите кантри клубови во USA- BALTIMORE COUNTRY CLUB – Marylend

Дали знаете кое беше најголемото пристаниште во САД каде многу години ( пред години ) застануваа бродовите со Емигранти од Европа ?
Дали знаете каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми на светот, каде буквално можат да се види целиот подводен свет ?
Гледајќи филмови сигурно налетавте на „ Невестата бегалака “ и се запрашавте, каде може да постои ваква природа, вакво зеленило и бескрајни терени за голф ??
Сето ова го има во Балтимор во државата Мериленд .
Мериленд е држава чии што главен град е Анаполис, се граничи со Вирџинија , Западна Вирџинија , Пенсилванија и Делавер . Но Балтимор е најпознат град и е центар на економијата на Мериленд. Познат е уште и како ‘‘city of neighborhoods,,
Сметен на брегот на Атланскиот океан Балтимор изобилува со мноштво историски и културни споменици , прекрасна и богата флора и фауна , тука може да се осети Америка , навидум динамична брза и темпераментна но во суштина смирена и бескрајно релаксирана.
Токму во вакво опкружување се наоѓа и BALTIMORE COUNTRY CLUB. Еден од работодавците кои и оваа година врaботува студенти преку Work & Travel програмата на Коузон.
BALTIMORE COUNTRY CLUB е престижен приватен клуб кој на своите членови им нуди цел асортиман на рекреативности и социјален комфор вклучувајќи и два Турнири во голф, тенис, куглање, пливање итн.
Овој кантри клуб има одлична репутација во поглед на квалитетот на услугите кои што ги нуди на своите членови и токму поради тоа е прогласен за еден од најдобрите 25 кантри клубови во Америка како и еден од најдобрите 100 кантри клубови во светот.

Работејќи во BALTIMORE COUNTRY CLUB вие ја имате таа можност да учите и да работите со големи професионалци, да запознаете луѓе од целиот свет и да бидете дел од оваа убавина.
Работни позиции кои Коузон Ви ги нуди се:
-waiter/waitress
- host/hostess
-cashier
-kitchen help
-maintenance
-bus person


























