ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА РАБОТА НА БРОД
секој вторник во 11.00 часот
Секој вторник во салата за презентации на Коузон во новите канцеларии на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 се врши професионална презентација за вработувања на Cruises Компаниите... Читај Повеќе
ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ И ОБУКИ ЗА РАБОТА НА БРОД
Аплицирањето за работа на Cruises Компаниите, како дел од процесот за вработувања во областа на угостителството, во Коузон е организирано според највисоките светски стандарди од оваа област .
Секој кој е сериозен апликант, сериозно бара работа во оваа област, може со сигурност да се надева на соодветна работна понуда и можност да се пласира за интервју со претставници од бродските компании .
КАКО СЕ ОДВИВА ПРОЦЕСОТ ?
( искажан низ неколку чекори )
- Поднесување на апликација ( CV ) на англиски јазик со 2 фотографии.
- Задолжително присуство на презентациите кои се органзираат секој вторник во 11 часот во Коузон тренинг центар – Скопје.
- Уплата од 500 денари за апликација – само за оние кои ќе поднесат CV.
- Задолжително прелиминарно интервју со претставник од Коузон Вработување – по презентацијата или во термин што одговара за апликантот.
- Подготвување на документи за главно интервју со претставник од бродската компанија.
- Препораки од претходен работодавец.
- Потврди за неосудуваност.
- Диплома за завршено образование ( минимум средно ).
- Други документи од лична природа со кои се докажуваат квалификации како што се: сертификати за завршени обуки или курсеви и сл.
ОБУКИ ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ НА КОУЗОН – ( ИЗБОРНО )
За подобра подготвеност и достигнување на светските стандарди и пред се успешно презентирање на интервјуто со претставниците од бродските компании, Коузон тренинг центарот Ви нуди професионална обука за следниве позиции:
- Ресторан
- Бар
- Општи работни позици
- Duty Free Shop
- Работа во Кујна - ( сите работни позиции )
Обуките се организираат еднаш неделно, во зависност од бројот на апликанти и траат во просек од 45 до 60 работни саати.
За време на обуката има три целини:
а ) теорија
б) тестирање – усно и писмено
в) практичен дел – работа во ресторан , бар или хотел ( задолжително )
По завршувањето на обуката сите учесници кои ќе го положат тестот добиваат сертификат за квалификации – Основно познавање (Basic knowledge) .
Цената на обуките се движи од 4.500 до 6.500 денари.

ГЛАВНО ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСТАВНИК ОД БРОДСКИТЕ КОМПАНИИ
Најважен момент во процесот на вработување за некоја бродска компанија е задолжителното интервју ( лично или преку Skype ) со преТставник од бродската компанија.
Интервјуата во најголем број случаи се организираат во Скопје.
На интервјуто секој кандидат се претставува со своја апликација, со документи за квалификуваност и знаење од областа за која аплицира.
Интервјуто трае во просек од 5 до 15 минути.
Само претставникот на компанијата може да одобри работна позиција, да потврди спремност за испраќање на покана за вработување или да ја одбие апликацијата за работната позиција за која Вие би аплицирале.
НАПОМЕНА :
Ова е генерален процес за аплицирање .
За различни компании ( бродски или угостителски ) важат различни процеси за аплицирање. Во продолжение превземете ги некои од деталните инструкции одделно по компании .
ВАЖНО :
Коузон Вработување не го гарантира вработувањето во никој случај. Само бродската компанија може да ја потврди интенцијата за вработување .
Коузон Вработување го врши само основниот процес на информирање, селектирање и припремање на апликантите за потенцијално вработување .


























