
За колеџот
Од вкупно 24 колеџи во Онтарио, Ниагара Колеџ Канада е рангиран на првото место за студентски поволности веќе 6 години. Има повеќе причини за тоа:
* Затоа што е водечка школа за туризам и бизнис менаџмент во Канада.
* Нуди над 90 различни дипломи, дипломски и постдипломски програми комбинирани со платено канадско работно искуство.
*Центарот за визна и работна поддршка успешно вработува 98% од вкупниот број на студенти.
Секој претставник на Ниагара Колеџот, како и администрацијата и помошниот персонал се залагаат за успехот на секој студент, особено за вашиот успех.
Свет на чудата:
- Ниагара регионот, каде што се наоѓа Ниагара Колеџот, е мултикултурен центар од 430,000 жители од кои 20 % зборуваат втор јазик.
- Ниагара Колеџот е лоциран во близина на едно од најголемите светски природни чуда, Ниагара водопадите, место кое го посетуваат 15 милиони туристи секоја година.
- Ниагара колеџот нуди лесен пристап до многуте места за шопинг и забава, курсеви за голф, аматерски и професионални спортови, посетување на значајни места, возење велосипед и пешачење во планина, како и посета на неколку фестивали кои се одржуваат во текот на целата година.
Следи ги твоите соништа:
- Ниагара Колеџот во Канада прерасна во најбрзорастечки колеџ во Канада.
- Секоја година повеќе од 10,000 редовни студенти се запишуваат на Ниагара Колеџот, вклучувајќи над 700 интернационални студенти од над 60 земји.
- Со Ниагара Колеџот, ќе работите на подобрување на вашата кариера од моментот кога ќе пристигнете.
- Нашите активности кои вклучуваат можност за вработување успешно обезбедуваат работни понуди за 98% од студентите во некои од најважните интернационални корпорации во Канада. Ниагара Колеџот е место каде што ќе можете да добиете пракса за она што го изучувате на колеџот.
- Се се врти околу успехот на студентите – вашиот успех. Па ако сте подготвени за ново искуство, или размислувате за промена на насоката, Ниагара Колеџот е совршеното место да ги следите вашите соништа.
Животот во Ниагара:
Ниагара Колеџот има два студентски домови опремени да ги задоволат сите ваши потреби:
- Квалитетот на услугите значи дека ќе го добиете истиот комфор што го имате дома.
- Библиотеките се вистински оази на сите потребни материјали за време на студиите. Ќе имате и пристап до најновите технологии за вашите проекти, семинарски и презентации.
- Нашиот Атлетски центар во Wеlland кампусот нуди најразновидни атлетски искуства во регионот.
- Пабови за пауза, компјутерски лаборатории и чекални.
- Престој во семејство:
- Најдобар начин да се запознаете со начинот на живот во новата земја е да го искусите живеењето во фамилија.
- Координаторот за сместување на интернационалните студенти внимателно ги одбира семејствата според вашите потреби.
- Месечната кирија вклучува 3 оброци дневно, целосно опремена приватна соба, место за учење и пристап до целата куќа.
- Престој во студентски дом:
- Студентските домови на Ниагара колеџот се одлична опција за сите студенти што сакаат да живеат со други студенти.
- Welland студентскиот дом нуди 117 двокреветни апартмани.
- Ниагара студентскиот дом нуди 101 двокреветни апартмани вклучувајќи: кујна, купатило за чија хигиена е задолжен студентот.
- Домовите се на чекор од училниците и другите објекти на кампусот.
- Сместување надвор од кампусот:
- Ефтино, сигурно, квалитетно сместување оддалечено на 30 минути од колеџот.
- Ние можеме да ви помогнеме околу сместувањето преку нашите online понуди.
Студирање со Ниагара:
- Додипломски програми
- Нашите различни програми (една, две, три и четири години) вклучуваат образование и Канадско работно искуство.
- Откога ќе дипломирате, ќе имате одлично образование и работно искуство.
- Постдипломски програми
- Овие програми се наменети за усовршување на знаењата кои би воделе до ваше вработување.
- Едногодишна програма за тие што веќе имаат вишо или високо образование.
- Праксата е вклучена- ќе дипломирате подготвени за работа.
- Стипендии
- Ниагара колеџот е подготвен да ви ја даде целата поддршка за да ви обезбеди академски успех.
Студиски програми на Ниагара колеџот:
Угостителство и туризам:
- Менаџмент за угостителство
- Хотел и ресторан менаџмент
- Менаџмент за туризам
- Менаџмент за кулинарство
- Менаџмент на настани
- Менаџмент на бизнис со вино.
- Бизнис и претприемништво
- Сметководство
- Меѓународна трговија и глобален развој
- Меѓународен бизнис менаџмент
- Управување со човечки ресурси
- Маркетинг
- Бизнис администрација
Технологија
- Електротехника
- Електроника
- Автомобилство
- Градежништво
- Компјутерско програмирање
- Компјутерско инженерство
- Градежно инженерство
- Здравство и општествени науки
- Детски и младински работник
- Образование за предшколска возраст
- Образовен асистент
- Фармација
- Закон и безбедност
Работа во Ниагара:
Работата во Канада може да биде повеќе од сон:
- Канадски можности:
- CO-OP (Cooperative Education) – ова значи платено работно искуство од 4 до 8 месеци.
- Работни позиции се обезбедуваат за 98 % од студентите.
- Работа во и надвор од кампусот:
- Ќе можете да работите во кампусот додека студирате.
- После 6 месеци студирање, ќе имате право да аплицирате за работна виза која дава можност за работа надвор од кампусот до 20 часа за време на школската година и цело работно време за распустите.
- Како да добиете 3 годишна работна виза?
- После завршувањето на програмата, ќе можете да работите во Канада.
- Тоа ви дава можност да ги комбинирате вашите студии со работно искуство во Канада.
- Стартувајте ја вашата кариера и станете глобален играч.
- Центар за работа и визна поддршка:
- Бесплатна визна поддршка
- Бесплатна помош со пишување на биографија и мотивационо писмо.
- Слободен пристап до летна работа и онлајн работни понуди во Ниагара.
Практични информации:
Центар за студентски успех:
- Туторство од колеги
- Советување
- Тест центри
- Даночни услуги
- Здравствени услуги
- Виза и имиграциона поддршка:
- Ниагара колеџот нуди целосна визна и и имиграциона поддршка во Канада.
- Вклучува: студентска виза, виза за влез, студирање и работна дозвола, визно продолжување.
- Глобални врски
- Помош за подобрување на јазичните способности.
- Искуство за канадската гостопримливост и пријателство.
- Овозможува да споделувате културни обичаи, храна, музика и слики.
- Ви дава можност да се запознаете со канадската култура, традиција и вредности.
- Како да аплицирате:
- Со формуларот за аплицирање, поднесете и копија од диплома за завршено средно образование за додипломски програми и диплома од факултет за дипломски програми.
- За директен прием за додипломски или постдипломски програми, испрати доказ за добро познавање на англиски јазик.
- Испрати неповратни $ 100 канадска такса со овој формулар, ако аплицирате за студиски програм.
- Откако ќе ја добиеме апликацијата и откако ќе бидете прифатени, ние ќе ви пратиме Acceptance Package кој вклучува: писмо за прием, сметка за депозитот, апликација за сместување и информации за летот.
- Однесете го вашето писмо за прием во Канадската амбасада за добивање на студентска дозвола за која можете да аплицирате на следниов линк www.cic.gc.ca.
- Кога ќе биде одобрена вашата студентска виза ќе добиете писмо со одобрување од канадската амбасада кое треба да го земете со вас во Канада.
- Доколку сакате пречек на аеродромот Пиарсон Интернешнл во Торонто треба да ни ги испратите деталите за вашиот лет.
Niagara College NON Official Price List
Ниагара Колеџ ценовник
Цена за ЕДЕН семестар во канадски долари (CDN) |
|
Месечен трошок |
|
|
|
|
|
Семестар |
$5,400 |
$1,350 |
|
Сместување |
$2,400 |
$600 |
|
Целосен износ |
$7,800 |
$1,950 |
|
|
|
|
|
Цена за ЕДЕН семестар во канадски долари (EUR) |
|
|
|
|
|
|
|
Семестар |
€ 3,780 |
€ 945 |
|
Сместување |
€ 1,680 |
€ 420 |
|
Целосен износ |
€ 5,460 |
€ 1,365 |
|
|
|
|
|
Неделна/месечна заработка |
|
Целосна неделна и месечна заработка |
|
Работни часови неделно |
20 |
$300 |
|
Работни часови месечно |
80 |
$1,200 |
|
Саатнина |
$15 |
|
|
|
|
|
|
Целосна заработка за 4 месеци |
|
$4,800 |
|
|
|
|
|
Партиципацијата за еден семестар на Македонските Колеџи изнесува повеќе од $3,000 или €2,500 за ЕДЕН семестар |
|
|
|
|
|
Цена за еден семестар во канадски долари |
$7,800 |
|
|
Целосна заработка за 4 месеци |
$4,800 |
|
|
Целосна заработка за ЕДЕН семестар |
$3,000 or €2,100 |
|
|
|
|
|
|
Разлика во цена за упис на македонските и канадските колеџи РЕЧИСИ НЕ ПОСТОИ.
|
Што добивате откога ќе дипломирате
- Одлични високообразовни квалификации и светски призната диплома.
- Работно искуство
- Добра месечна заработка , која на годишно ниво може да достигне и со $45,000 долари.
- Постојана дозвола за престој
- Канадски пасош
Не постојат граници, светот е ваш !!