ЗА НАС
Почитувани...
Коузон Корпорација е специјализирана компанија за работа со млади и за млади на територијата на Македонија ( и другите Балкански држави ) – Агенција за подобра иднина на младото поколение .
Од нашето основање во 1997 година до денес поминавме низ сите фази на развој , развивање и усовршување на сите полиња на нашето дејствување. Денес од оваа перспектива слободно можеме да кажеме дека бевме , сме и и ќе бидеме лидери во студентската и младинската свера.
Обидите да не копираат , следат и создаваат нелојални и непрофесионални конкуренти не мотивираат да го задржиме највисокиот степен на органзиација , научен од нашите ментори од САД .
СТУДЕНТСКИОТ СЕРВИС КОУЗОН – има широк спектар на програмски активности и се она што е достапно како легална програма за Македонија.
Мрежата на канцеларии во Македонија , Србија , Косово а во скора иднина и Албанија е ѕбедливо најголема и најразвиена на Балканот .
Со повеке од 30 активно вработени лица, со повеке од 50 соработници комплетно сме во сервис на студентите , Универзитетите и секако организациите кои се занимаваат со студентските и младинските програми .
Како лидери имаме и одржуваме неколку уникатни веб страни наменети за нашата целна група www.studenti.com.mk е првиот и единствен студентки портал во Македонија, извор на свежи, актуелни и секогаш добредојдени информации за студентската популација во Македонија, www.stupendija.com.mk е единствен портал кој изобилува со информации за активни стипендии во Македонија и странство . Корисно „ четиво “ за секој кој бара можност за користење на овој бенефит.
Покрај се Коузон Студентски сервис и денес е единствена студентска Агенција од Македонија која е член на сите ствестки студентски интернационални асоцијации и единствен представник на големнисте светски студентски настани .
Секогаш сме отворени за соработка со младите и студентите од Македонија, Секоја иницијатива и можност за соработка е добредојдена.
И Вие доколку имате нереализирана желба за некој проект , активност, кампања или слично добредојдени сте да ја споделите со нас идејата , да отпочнеме соработка и да упсееме да направиме чекор напред кон поуспешната иднина на сите студенти во Македонија .
























