CAREER TRAINING

CAREER TRAINING


Опцијата за Кариер тренинг е избор за сите скоро дипломирани студенти . Услов е Вашата диплома да не е постара од 2 години т.е вие да сте дипломирале најмногу пред 2 години. Програмата е наменета за продлабочување на теоретските знаења стекнати на факултет со реални практични искуства во реална работна средина.
Престојот со оваа програма е со можност за избор во зависност од желбата и потребата на апликантот и се движи во просек од 4 до 18 месеци . Ние можеме да понудиме и посредување доколку вие си најдете Ваш спонзор или пак преку нашите партнери ние Ви обезбедиме спонзор за изведување на пракса .

Оваа програма е извонредно застапена во западниот свет и е услов за успешно вработување . Напи партнери се компании и организации од следниве дестинации :

САД - низ целата територија со избор на различни бранши и специјалности.

Изборот е индивидуален и од процесот на аплицирање до процесот на заминување има во просек од 1-3 месеци. Партнерските организации на Коузон ќе Ви обебзедат соодветен работодавец кој ќе ги обезбеди сите потребни услови за добивање наодобрение за изведување на кариер тренингот .

Цената на програмата се движи од 850 до 1850 УСД . Поднесувањетона апликациите се целогодишно . Иницијално треба да ни доставите Ваше CV на англиски јазик , и писмо со намери со јасно искажана областа за која сте заинтересирани за кариер Тренинг .


ЕУ – Шпанија, Германија, Австрија, Италија, Англија, Шведска , Ческа ,Грција


Во земјите на ЕУ – Коузон Ви нуди можност за Кариер тренинг исклучиво за некои занимања. Предњачат Угостителството, економијата , компјутерските науки и медицината . Не е исклучена можноста за пронаоѓање на кариер програми и за другите групи на студии.
Процесот на пронаоѓање на потенцијален спонзор трае од 1-3 месеци. Трошоците за програмата се во висина од 500 до 1500 Евра за 1 годишна програма .