AU PAIR

AU PAIR
(САД, Германијa,Шведска, Италија, Франција и Холаднија )

Програмата за работен престој во овие држави како бебиситерка е една од
најстарите познати програми на територијата на Република Македонија. Самата програма е започната во далечната 1992 со можност за испракање на млади лица во семејства за период од 1 до 2 години (максимум) . Ние имаме неколку партнери со кои работиме повеке од 9 години.

Оваа можност е регулирана со закон на Европската унија од 1998 година, па така денес, Европа е отворена за прифаќање на млади како au-pair . Основата на престојот е запознавање на културата на државата , изучување на јазикот, запознавање и проширување на личните контакти, усовршување во одредена област со школување во специјализирани училишта и др .

1

За нас – во Македонија , најатрактивна е можноста за престој и работа во САД за каде е и најголемиот интерес .Тоа е дефинитивно ХИТ понуда во моментов.
Ви нудиме:

1. избор на семејства,
2. избор на градови и територии
3. избор на колеџи кои можите да ги посетувате за време на престојот.

Верувале или не , нашиот партнер Au-Pair in America ја има највисоката оценка од Интернационалната au-pair асоцијација, како најпрофесионална и најуспешна агенција за пласирање на лица во САД .

Основен предуслов е апликантката да го познава англискиот јазик , на ниво на комуникација, да е на возраст 19-26 години како и да поседува возачка дозвола.
Во нашите канцелариии ви нудиме можност за видео презентација за оваа програма .

Со програмата Au-Pair in America се добива Ј1 виза, за едногодишен престој со можност за продолжување за уште една година.

Апликантот има можност за избор на семејства на целата територија на САД .

Дополнителни информации видете на www.aupairamerica.co.uk

Од можностите за вработување како au-pair, Ви нудиме можност за избор на семејства уште и во Германија, Франција, Шведска, Италија и Холадија.