ЗА ОАЕ
Обединети Арапски Емирати - دولة الإمارات العربية المتحدة
Обединетите Арапски Емирати се лоцирани во јужнозападна Азија ,се граничат со Персискиот Залив и Оман. ОАЕ се составени од 7 држави ,наречени емирати ,меѓу кои Abu Dhabi, Dubai, Sharjah, Ajman, Umm al-Quwain, Ras al-Khaimah and Fujairah.
Главен Град и втор по големина е Абу Даби кој воедно е и центар на политичките ,индустриските и културните случувања.Популацијата во 2009 година изнесува 6 милиони од кои само 20% се староседелци .ОАЕ е 14 та најбогата земја во светот ,трета во блискиот исток и ја има најразвиената економија ви светот. ОАЕ е 7 земја во светот по резерви на нафта.
Аеродромот во Дубаи е најголемиот аеродром во светот кој има капацитете за 60 милиони луѓе секоја година.Исламот е официјална религија ,а официјален јазик е АрапскиотОАЕ е единствена држава во светот која троши билиони долари на инфраструктура.Се смета дека Дубаи речиси преку ноќ од процечен град станал градот на најголемите архитектонски чуда во светот ,како на пример , Burj Dubai, Mall of Arabia, Business Bay, Hydropolis, The World Islands и многу други.Со ОАЕ се поврзани фасцинанти факти и зачудувачки настани.
Според светската здравствена организација од 1996 до 2003 ОАЕ потрошиле повеќе од 436 милиони долари за развој на здравството .ОАЕ е 44 земја во светот по услови кои ги нуди нивниот здравствен систем ,кој воедно е бесплатен за сите државјани на ОАЕ.Вкупно 28 клиники се отворени во 2008 година како мерка на владата за развој на здравствениот сектор.

Она што е интересно да се напомене е дека дури 90 % од приходите на Дубаи се од ненафтениот сектор ,однодно од туризам такошто оваа дестинација е меѓу 10 те најбарани во светот.

|