about me
my family & friends
my photo gallery
contact me

НА ПОЧЕТНА

02 323 88 01

ana@kouzon.com.mk

_______________________________

CV DOWNLOAD

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Условите за аплицирање се строго дефинирани во процес кој е утврден според стандардите на Коузон Вработување и нашите партнери до Обединетите Арапски Емирати ( ОАЕ ) .

Вие како потенцијален апликант избирате работна позиција за која би аплицирале врз основа на ВАшето предходно искуство или според Вашите афинитети ра вработување на одредена работна позиција . Работните позиции не секогаш се транспарентни бидеки системот на соработка со најголемата Агенција за посредување при вработување од Арапскиот полуоствор ( која е наш доминантен партнер ) создава можности за надополнување на понудата на дневна база .

      За да отпочнете процес за аплицирање спрема нас треба да ги направите следниве чекори :

  1. Задолжително присуство на презентација која ние ја организираме секој петок во 11.00 часот во тренинг центарот на Коузон на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 во Скопје .

  2. Доставување на CV  на англиски јазик , 2 фотографии пасошки  формат , 1 фотографија во официјална гардероба * full body size *
  3. Уплата од 500 денари за прифаќање на апликација за ОАЕ – неповратни средства

  4. Прелиминарно интервју за утврдување на стартните квалификации со вработен во Коузон . Ова интервју е основно за прифаќање на Вашата апликација . Доколку не сте квалификувани според стандардите кои се бараат , Вашата апликација ќе биде одложена до моментот на стекнување на нови квалификации кои ке резултираат со поправање  на таа слабост .

  5. Задолжителна обука за доквалификација според стандардите на Коузон Вработување и барањата на нашите партнери од Дубаи  . Оваа обука е обврска за сите апликанти и истата ќе биде поставена на неколку нивоа . Трошокот за обуката е од 3.000 до 4.500 денари во зависност од позицијата за која ќе аплицирате .Обуките се реализираат два пати месечно во траење од по три дена по 6 часа на ден .

  6. Вие ќе потпишете изјава за согласност со условите за посредување за потенцијално вработување во ОАЕ .

  7. По реализација на предходните активности ( наведени од 1 до 5 ) Вие ќе бидете поканети да присуствувате на интервју со потенцијалниот работодавец од ОАЕ . Интервјуто може да биде лично и реализирано во Скопје или преку SKYPE со веб камера .Ние во никој случај не можеме да Ви гарантираме дека Вашата апликација ќе биде прифатена за некое интервју или дека Вие ќе добиете работна понуда по реализираното интервју  . Целокупниот систем е поставен на можност за вработување и е ексклузивно право на потенцијалниот работодавец дали Вас ќе Ве избере за вработување .

  8. Доколку Вие го поминити успешно интервјуто со представникот на компанијата за која сте прифатиле да бидете интервјуирани со можност за вработување , Вашато заминување за ОАЕ ќе се реализира во многу краток период .

БЕНЕФИТИ ОД ВРАБОТУВАЊЕТО ВО ОАЕ

Да се работи во најразвиената , најликсузната и најпрестижната зона на светот е само по себе привилегија . Привилегијата ја имаат само најдобрите , така што доколку Вие бидете избрани да работите во овој дел на Светот , знајте дека сте дел од малкубројните што се третирани како најдобри !

Дали Ви требаат уште мотиви за да аплицирате ?

Дополнителни  мотиви  можат да Ви бидат следниве :

  1. Добивате работна виза за 2 години
  2. Добивате платена авионска карта
  3. Добивате или ви се нуди избор на сместување
  4. Добивате солидна плата
  5. Добивате бонуси доколку сте добар работник
  6. Добивате обуки според најсовремените светски стандарди
  7. Добивате можност за градење на кариера .
  8. Добивате многу други бенефити – стекнување на пријателства , потенцијална можност за склучување на бизнис партнерства и сл .

 

СЛАБИ СТРАНИ НА РЕГИОНОТ НА ОАЕ  

  1. Високат температура во периодот од април до октомври . Летните месеци и до 50  целзјусови степени (од оваа причина се е климатизирано – дури и автобуските постојки за јавен градски превоз).
  2. Арапскиот јазик – кој е тешко да се научи
  3. Арапската кујна – со изразито користење на зачини
  4. Строгиот режим на однесување , консумирање на алкохол и дисциплина

СИМНЕТЕ ГИ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ВО PDF ФОРМАТPDF


 
     
Почетна | Соопштенија | За ОАЕ | Работни Понуди | Услови | Апликација
Бул Св. Климент Охридски 58, 1000 Скопје | 02 323 88 01 , 02 329 66 43 , Copyright © Kouzon Corporation