|
Услови
СИМНЕТЕ ГО ДОГОВОРОТ ЗА ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ
Коузон е дел од големото " семејство " на најреномирани школи за изучување на странски јазици ширум земјите на ЕУ и светот . Специфика на сите понуди е постојаноста на програмите во текот на целата година . Бенефитот од ова се извонредните цени кои се идентични за сите партнери во сдистемот независно од обемот на работа или бројот на кандидати.
Од оваа причина и Вие почитувани корисници на нашите понудени програми ќе бидете рамноправни со сите учесници од Европа под исти услови .
За да бидеме во целост транспарентни кон она што го нудиме т.е пренесуваме од нашите партнери на пазарот во Македонија Ви ги ставаме на располагање следниве важни информации како функционира нашиот систем , како се одвива процесот и низ кои фази ќе помине Вашето барање за учество во некоја од избраните програми .
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Процесот на аплицирање започнува со пополнување на апликација ( унифицирана форма на апликација ) со Ваше пополнување на податоци за јазикот , земјата и периодот во кој сакате да учествувате во некоја од понудените програми . Анкетниот лист содржи и прашања кои нам ќе ни помогнат д а го комплетираме Вашето барање до нашите партнери со сите потребни информации како не би настанал пропуст во правилниот избор на понудата ( овде пред се мислиме на нивото на предходно владеење на јазикот , капацитетите за сместување – семејство , интернат , хотел , хостел или самостојно сместување во изнајмен стан , дали барањето е групно и сл . Минималниот избор за учество на некој од курсевите е 1 недела . Максималниот период е утврден на 3 месеци . Изборот е колплетно Ваш. Доколку Вие одлучите д аго продолжите престојот во Школото кое сте го избрале преку нас и по истекот на утврдениот период од програмата , тоа ќе можете самостојно да го направите во договор со школото на лице место . Пополнетиот анкетен лист – апликација , како основна форма на Ваш исказ за отпочнување на процесот за вклучување во програмите за изучување на странски јазик е апсолутно бесплатно . Коузон нема обврска да го утврди Вашето ниво на познавање на јазикот за кој Вие сакате да
аплицирате . Нивото го утврдувате самостојно и Вие одговарате доколку е далеку под бараниот стандард за курсот кој сакате да го посетувате . Во тој случајВие ќе посетувате пониско ниво на кус во избраното Школо .
Почетокот н акурсевите кај сите наши партнери е секогаш во Понеделник, така што и Вие ќе можете лесно да се вклучите со сите останати учесници во групата . Програмата за изучување на курс за одреден јазик , покрај курсот вклучува и бесплатни
материјали ( книги , тертатки и сл ) , во одредени школи бесплатно користење на библиотеки со стручна лингвистичка литература и евентуално користење на интернет и компјутерски лаборатории .
Секоја програма понудена од Коузон содржи специфики за старосната граница за учество во некој од кусевите кои се јасно дефинирани по возраст ( од – до ) и ниво на курс кој сакате да го изулувате ( пр. Основно , средно , напредно , професионален , бизнис или др. вид на курс ) . Во ситуација кога ќе добиеме понуд а од страна на нашите партнери од некое од школите за странски јазици ( избрана од Ваша страна ), и доколку сте согласни со понудата ние ќе Ве поканиме во нашите простории да потпишете преддоговор за посредување . Овој преддоговор е потребен бидеќи по потпишувањето ќе отпочне нашиот облигаторен процес како странки во целокупната активност , Вие како барател на услугата и Коузон како понудувач на програмата . По потпишувањето на преддоговорот , Коузон ќе Ве замоли за уплата на првиот депозит од
понудената и прифатена цена од Вас , како гаранција за целиот просец. Според Догвоорите за соработка на Коузон со странските партнери процесот на аплицирање и потпишување на овој преддоговор треба да биде најмалку 30 дена пред бараниот термин зџа почеток на курсот за изучување на странскиот јазик во избраната држава . Уплатат на депозитот во висина од најмалку 20 % од вкупната сума на програмата избрана и прифатена од Вас се врши исклучиво на ж-ката на
Коузон .
Коузон ја прифаќа обврската да Ви понуди и авионска карта до избраната дестинација по најповолна цена .
Вие како барател на услугата ќе бидете обврзани најмалку 2 недели пред почетокот на курсот д аја уплатите целосната сума за учество на курсот . Доколку не го направите тоа во наведениот период и се откажете од понатамошниот тек на процесирање на Вашето барање , уплатените 20% од програмата се губат во целост .
Коузон го процесира Вашето барање до своите партнери во странство според изборот кој Вие го имате направено. Како понудувач на програмата ниее Ви ги доставиме сите потребни информации во врска со кусевите ( бројот на часови неделно ) , видот и нивото на сместување ( онакво какво што Вие сте го избрале ) , дополнителните и пропратни програмски активности кои ги нудат нашите партнери ( дали се вклучени во програмата или не ) , информации околу
исхраната ( доколку е вклучена во програмата по Ваш избор ) , содржини кои можете да ги имате како дополнение на Вашиот престој и се она што ќе биде Ваш интерес а е поврзано со самото школо и нивната понуда .
Коузон не одговара за нетипични содржини на понудата кои не се во надлежност на нас како Агент . Ова пред се се однесува на изборот на семејство ( доколку изберете сместување во семејство ) не одговара за квалитетот на храната и вкусот на истата , лицето со кое Вие би биле сместени во заедничка соба ( доколку изберете сместување во семејство и во соба со цимер или пак сместување во интернат со сместување во соба со едно или повеќе лица ) , воннаставните
активности и нивните содржини и сите други технички прашања од Вашиот престој . Сите забелешки и поплаки од оваа природа треба да бидат упатени исклучиво кон лицата одгвоорни од школото во кое Вие ќе престојувате .
За време на Вашиот престој Вие сте обврзани да имате здравствено патничко осигурување кое ќе Ви го даде Коузон со дополнителна доплата во зависност од должината на престојот . Вие можете да го напуштите школото во период кога Вие ќе одлучите и пред завршување на предвидениот и платен престој од Ваша страна . Секое предвремено напуштање значи и целосно губење на уплатените средста без право на надоместок под никакви услови ( дури и да станува
збор за Ваша поплака предизвикана од било каков тип на Ваше незадоволство ) .
СПЕЦИЈАНИ ПОНУДИ
Во текот н агодината Коузон ќе објави повеќе специјани понуди за изучување на странски јазик во соработка со своите партнери .Понудите ќе бидат најавени како атрактивни и специјални . Истите ќе се однесуваат на одреден период или учество на групи на лица или пак одреден повод . Специјаните понуди со специјална цена и услови секогаш ќе бидат промовирани на посебен начин и во доволно долг период за да може да се пријават сите заинтересирани .
ПОСЕБНИ УСЛОВИ НА ПРОГРАМИТЕ
Коузон како Агенција го задржува правото да изврши промена на условите на програмите во согласност со промените на условите испратени од своите партнери од странство , како и понудените цени .За валидна цена на програмата ќе се смета само онаа за која Коузон и Вие ќе потпишете Договор за висината на понудениот пакет доставена од страна на избраното школо. Во понудената програма ќе бидат вклучени и Авионската карта до местото на пристигање и здравствено осигурување за целиот термин од Вашиот престој . Како дополнување на понудата со посебна цена може да биде означена услугата за Ваш транспорт од Аеродромот до местото на сместување и обратно органзирано од страна на партнерската организација од странство .
Коузон ги оргазнира патувањата во странство за изучување на странски јазик како едукативна програма а не туристички прстој . Од таа причина сите програми подлежат на посебните услови наведени во оваа информација и утврдени со Договорот за посредување а не со акти на туристички агенции или туристички асоцијации .
Во случај на пријавување на малолетни деца ( 0д 12 – 17 години ) како група од над 10 ученици , Коузон ќе оргазнира водич на групата од своите редови или професор од школото преку кое групата ќе аплицира.
Коузон ги организира програмите за изучување на странските јазици на основа на индивидуални барања . Не се прифакаат услови од страна на потенцијалните кандидати за вклучување само во групи и ќе бидат откажани сите такви барања во случај да е основен услов за учество во програмата .
Коузон нема обврска да посредува при добивање на визи за учество во програмата ниту пак може или гарантира добивање на виза ( доколку е потребно вадење на виза за учество во програмата ).Доколку добувањето на виза е процес кој мора да се направи за да се учествува во избраната програма , сите ризици за недобивање на визата паѓаат на Ваш товар.Ризик средства спрема наѓите партнери ќе бидат депонираните уплати . Во одредени случаеви во зависност од
одреденото школо , недобувањето на виза и откажувањето од учество во избраната програма повлекува и финансиски пенали кои дополнително се утврдуваат со посебен договор при аплицирањето .За среќа во моментов за сите европски држави важи безвизниот режим ( сем за Англија ).
Секој учесник ги губи уплатените средстав од депозитот и за обработката на документи во случај на откажување од било кој причини .
СИМНЕТЕ ГО ДОГОВОРОТ ЗА ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ
За подетални информации околу цените и услови на патување ве молиме контактирајте не на 02/329 6643 или пишувајте на matiloska@kouzon.com.mk |