|
Марбеа
За љубителите на сонцето и одмори на море името на ова шпанско гратче е добро познато. Марбеа е една од топ 10-те европски дестинации за летото. Долгата летна сезона и типичната шпанска атмосфера е привлечна за илјади посетители на курсеви. Тука лесно може да се направи спој од полезното и пријатното: изучување на шпански јазик,нови пријателства, забави и одмор. Освен прекрасни плажи овде може да се видат и прекрасната специфична шпанска архитектура и спокојство.
Преку ден можете да уживате во тишината, додека во вечерните часови Марбеа прераснува во град со разновиден ноќен живот. Во програмата еднаш неделно е влучена и екскурзија до интересни објекти и знаменитости како и различни спортски активности. Марбеа се нарекува и град на искушението така да бидете подготвени.
Цена од 700 евра
За подетални информации околу цените и услови на патување ве молиме контактирајте не на 02/329 6643 или пишувајте на matiloska@kouzon.com.mk |
|