Лондон (London)

Јазичниот центар во Лондон е еден од најпопуларните јазични школи во Лондон. Основан во 1979 година, училиштето нуди висококвалитетна настава и ужива одлична репутација. Училиштето е признато од Британскиот совет и е член на Асоцијацијата на акредитирани институции за обуки по англиски јазик.

Наставниот центар се наоѓа во просторна зграда на 5-ката во непосредна близина до Хајд Парк. Наставата се одвива во кабинети опремени со модерна аудио-визуелна техника. Во слободното време курсистите можат да ја продолжат наставата во мултимедијалниот центар или библиотеката. Сместувањето е во англиски семејства и се координира од службеник во училиштето, чии обврски се да го проверуваат и контролираат квалитетот на понудените услуги. Основната предност на овој вид сместување е постојаната комуникација само на англиски јазик и можноста секој курсист да се запознае одблизу со традициите и културата на Англија. Транспортот до јазичниот центар може да биде со автобус или подземна железница а оддалеченоста е приближно до 30 минути.

Програмата за слободното време на курсистите е различна за секој месец и вклучува многу социјални и културни дејности. За некои от тие се плаќа дополнително како на пример: посети на знаменитостите на градот, музеи и театарски претстави, разгледување со брод, полудневни и целодневни екскурзии.

Цената вклучува: вежби, материјали за курсот, тест за одредување на ниво, сертификат за курсот, библиотека, рекреативни активности.

Цени од 900 евра.

За подетални информации околу цените и услови на патување ве молиме контактирајте не на 02/329 6643 или пишувајте на matiloska@kouzon.com.mk

Контакт
Тел: +389 2 3296 643; 2 323 88 01
Факс: +389 2 323 88 06
Email: matiloska@kouzon.com.mk

Работно време
Понеделник-Петок: 9:00 – 17:00

Адреса:
Бул. Климент Охридски 58, Скопје
Аплицирајте
Last Minute
Брошура 2010
 
 
 
Почетна | За Училишта за странски јазици | Општи информации | Услови

© Kouzon Corporation 2010