Курсеви по деловен странски јазик
(Англиски, Шпански, Француски, Италијански, Германски, Кинески)


Коузон организира јазични курсеви по деловен странски јазик и со тоа ви помага да се вклопите подобро во меѓународниот деловен свет.
За време на часовите по деловен јазик вие ќе практикувате писмена конверзација, усна конверзација, преговори и деловни разговори со бизнис партнери. Сето тоа ќе е проткаено со потребната граматика.

Вашиот вокабулар ќе се развива и гради во областа која Вие ќе ја изберете и која Ви е потребна. Пример-специфични професионални области како медицина, економија, право, архитектура, технички области и слично.

Има за секој по нешто на локациите каде се изучува странскиот јазик- плажа, култура, ноќен живот, природа, спортови. Ќе откриете дека учењето на јазикот продолжува и по завршувањето на часовите бидејќи вие сте во тоа јазично опкружување цел ден.

За да ги подобрите вашите комуникациски способности, Вие може да земете и индивидуални часови. Оваа форма на подучување му овозможува на професорот целосно да се концентрира на вас и на вашите потреби и барања, да ja прилагоди содржината на наставата на вашите потреби.  Овие индивидуални часови најчесто одат во комбинација со деловниот курс.
Цени од 500 евра.

Ве молам контактирајте не за датумите на почеток на курсот на matiloska@kouzon.com.mk  или на 02/3296643

Контакт
Тел: +389 2 3296 643; 2 323 88 01
Факс: +389 2 323 88 06
Email: matiloska@kouzon.com.mk

Работно време
Понеделник-Петок: 9:00 – 17:00

Адреса:
Бул. Климент Охридски 58, Скопје
Аплицирајте
Last Minute
Брошура 2010
 
 
 
Почетна | За Училишта за странски јазици | Општи информации | Услови

© Kouzon Corporation 2010