Јазични курсеви за возрасни (18+)

ЛОНДОН
Вoзраст 18+

Велика Британија е најсоодветниот избор за оние кои се заинтересирани за изучување на класичниот бри-
тански англиски јазик. Лондон е еден од оние градо- ви кои покрај својата специфична атмосфера и стил нуди и огромна разноврсност. Најинтересна можност за да го запознаете градот е да изберете дво-неделен курс во еден од многуте образовни центри. Предавањата се одржуваат во утринските часови, додека пак попладневните часови се исполнети со посета на музеи и споменици кои вредат да се посетат. Навечер имате можност заедно со новостекнатите пријатели да ги посетите англиските пабови кои нудат квалитетни пива, вкусни јадења или пак популарните лондоснки клубови. Секоја недела во склоп на јазичниот курс се организираат и екскурзии и посета на интересни историски објекти во самиот град но и надвор од него.

Јазичен курс – 15 часа неделно (3 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за
завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор
Посета на историски споменици во градот и регионот како и рекреативни активности.

Цени од 700 евра

 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Вoзраст 17+

ИСТБУРН

Истбурн е мал англиски град на јужното крајбрежје од островот карактеристичен по меката клима и одлични услови за летен одмор. Истбурн е мирно место, оддалечено од вревата на големите градови кадешто ќе се здобиете со класичното британско образование. Тука можете да се оддадете на вашите омилени водени спортови или едноставно да уживате на плажа. Друга предност на Истбурн е тоа што е само на еден час оддалеченост од Лон дон и гарантира квалитетно образование, мирна околина, уживање на плажа, многубројни ресторани покрај море. Сето ова можете да го добиете
по доста примамлива цена – значително пониска од големите градови. Во ваква средина, курсевите не се чуствуваат како обврска туку повеќе како пријатна разноврсност на вашиот летен одмор.

Цени од 700 евра

МАЛТА

Фактот шти има 330 сончеви денови годишно, убави средоземноморски плажи и официјален јазик – Англиски, ја прават Малта едно од најпопуларните места за летни јазични курсеви за сите возрасти. Времето тука
поминува неосетно низ многу забавни игри, екскурзии дружења со курсисти од целиот свет, а усовршувањето
на јазикот доаѓа само по себе. Кон сето ова може да се додадат и плажите, пливање, курсеви по нуркање,
сурфање, скијање на вода, клубови, забави, караоке и што уште не. Напоредно со ова можете да избере-
те стандарден или специјализиран курс по англиски јазик. Училиштето се наоѓа во малиот град Слиема, а
програмата вклучува и екскурзија до главниот град Валета, до Грaд на тишната Мдина и др.

Цени од 600 евра

цената вклучува:
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор Организирана една полудневна или целодневна екскурзија неделно, спорт и рекреации. Транспорт од и до аеродром

 

ФРАНЦУСКИ
ЈАЗИК

НИЦА

Вoзраст 18+

Цената вклучува: Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од
45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот изборОрганизирана една полудневна или целодневна екскурзија не-
делно, спорт и рекреации
Ница, престолнината на Азурниот брег, се наоѓа на бреговите за Заливот на Ангелите и е заобиколена од приморските Алпи. Шестиот по големина град во Фран-ција и најголемата француска Ривиера е многу погоден за летен јазичен курс,каде покрај изучувањето на јазикот и запознавањето на културата, Ви се нуди можност за уживање на плажите и во најразличните водени игри и забави.
Самото школо се наоѓа во центарот на градот и на само 10 минути од плажата и претставува идеално место за одмор. Освен различните екскурзии
низ Ница, во програмата се вклучени и полудневи и целодневни екскурзии до Монако и Антиб. Како дополнение се организираат и тематски забави,музика во живо, забави на плажа и друго.

Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор
Организирана една полудневна или целодневна екскурзија неделно, спорт и рекреации

 

ФРАНКФУРТ 

Вoзраст 18+

 

Франкфурт е синоним за економски центар кој изобилува со интересни места за исполување на слободното време.
Градот располага со огромни прекрасно уредени паркови, а при прошетките покрај бреговите на реката Меин ќе се
сретнете со патувачки циркуси, музичари, уметници, актери и слично. Можете да присуствувате на еден од мно-
губројните фестивали кои се организираат во стариот дел на градот. И покрај многуте занимливости, изучувањето на
јазикот нема да Ви биде на заден план. Јазичните центри нудат огромен избор на курсеви за изучување на герман-
скиот јазик почнувајќи од стандардни до специјализирани курсеви, кои се одржуваат во погодни за Вас термини. Бо-
гатиот мултимедијален центар ви дава можност повеќе за усовршување на јазикот. Попладневните прошетки се состојат од посети на традиционалните германски ресторани и кафулиња, 10-катните шопинг центри, дегустација на се по популарното јаболково вино и слично. Програмата вклучуваи екскурзии до Хапделберг и Келн еднаш неделно.

Цени од 600 евра

 

ВИЕНА

Вoзраст 18+

Виена е еден од уникатните градови во кои може да се посетува јазичен курс по германски јазик. Основна причина за ова е искучителната разноврсност на специјализираните курсеви кои ги нудат јазичните центри. Програмата е во целосна согласност со барањето на кандидатите. Во утриските часови се одржуваат курсевите додека попладневните часови се исполнети со забавни и културни настани. Имате можност самите да изберете дали ќе посетувате часови по виенски валцер, да се вклучите во некоја театарска група, спорт или пак класична обиколка на
градот. Со разновидноста на можностите на градот може да ви се чини дека посетувањето на курсот е во заден план, меѓутоа истото е на прв план затоа што во секоја прилика го користите
германскиот јазик во секојдневната комуникација.

Пакет цена од 600 евра
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор Посета на споменици и музеи во градот, екскурзии до Хапделберг и Келн.

 

ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК

Рим ,Лијано
ВОЗРАСТ 17+

Рим е град каде во секој негов дел се крие по некоја знаменитост и секоја втора улица е уникатна сама по себе. Гостопримството на Римјаните е олицетворение на Италија. Посетување на курс во Рим е идеално место за љубителите на историјата. Секој учесник на курсевите во Рим може да се вклучи во дополнителни програми заедно со новите пријатели од целиот свет. Изборот е навистина голем:
видеосала со најновите и најпопуларни италијан-ски филмови, концерти, спортски настани и друго.Самото училиште ви нуди богата програма за слободното време. Секој месец се прави календар со
планираните активности и забави.
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор Посета на знаменитости и музеи во Рим и Забави

Цени од 600 евра
Цената
вклучува:
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор Посета на знаменитости и музеи во Рим и забави

 

САЛЕРМО

Возраст 17+

 

Летните курсеви во средоземноморскиот град Салермо е нешто кое не треба да се испушти. Прекрасната околина,
синото небо, јакото сонце создаваат атмосфера на неповторлив одмор. Морето е топло и мирно, а песокот ситен и
бел. Салерно е одлично место за сите љубители на плажа, сонце, водени спортови и романтични вечери. Тука нема да
видите руини од римската империја, но затоа можете да уживате во сурфање, скијање на вода, неверојат-
на италијанска кујна во прекрасните мали семејни ресторани кои се наоѓаат на самиот морски брег.
Италијанскиот јазик овде ќе го изучувате лежерно, а наученото ќе можете да го користите во секојдневна комуникација со тамошното население, затоа што Италијанците ретко говорат странски јазик. Имате и единствена можност да научите како се приготвуваат познатите италијански специјалитети со тоа што ќе се вклучите во
курсевите за готвење.
Цена од 500 евра
Цената
вклучува:
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45
минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор
Посета на знаменитости и музеи во градот и регионот како и спортски

ШПАНСКИ ЈАЗИК

МАРБЕА

ВОЗРАСТ  18+

За љубителите на сонцето и одмори на море името на ова шпанско гратче е добро познато. Марбеа е една од топ 10-те европски дестинации за летото. Долгата летна сезона и типичната шпанска атмосфера е привлечна за илјади посетители на курсеви. Тука лесно може да се направи спој од полезното и пријатното: изучување на шпански јазик,нови пријателства, забави и одмор. Освен прекрасни плажи овде може да се видат и прекрасната специфична шпанска архитектура и спокојство.
Преку ден можете да уживате во тишината, додека во вечерните часови Марбеа прераснува во град со разновиден ноќен живот. Во програмата еднаш неделно е влучена и екскурзија до интересни објекти и знаменитости како и различни спортски активности. Марбеа се нарекува и град на искушението така да бидете подготвени.

Цена од 500 евра
Цената
вклучува:
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор Посета на знаменитости градот и регионот како и спортски
активности
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење
од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор
Посета на знаменитости градот и регионот како и спортскиАктивности

 

ШПАНСКИ ЈАЗИК
БАРСЕЛОНА  18+

Барселона е еден од најзабележителните европски градови кој со својата историја, знаменитости, прекрасни плажи привлекува илјадници туристи. Градот се наоѓа во областа Каталонија, во кој се зборува специфичниот “Каталонски“ јазик. Во јазичните центри во Барселона, сепак се одвиваат врз основа на класичнот шпански јазик. Програмата претставува баланс помеѓу посетување на настава и организирани забавни активности. Програмата вклучува посетување на знаменитости и музеи во Барселона, полудневни
и целодневни екскурзии во Тарагона, паркот Поел и друго. Оние пак кои се љубители на фудбалот имаат можност да следат натпревари во познатиот стадион Ноу Камп.

Цената вклучува
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс;
Сместување и храна според Вашиот избор
Посета на знаменитости во градот и регионот

Контакт
Тел: +389 2 3296 643; 2 323 88 01
Факс: +389 2 323 88 06
Email: matiloska@kouzon.com.mk

Работно време
Понеделник-Петок: 9:00 – 17:00

Адреса:
Бул. Климент Охридски 58, Скопје
Аплицирајте
Last Minute
Брошура 2010
 
 
 
Почетна | За Училишта за странски јазици | Општи информации | Услови

© Kouzon Corporation 2010