|
Јазични курсеви за млади (10 - 18 години)
АНГЛИСКИ ЈАЗИК
БРАЈТОН
14-18 ГОД
Велика Британиjа е најсоодветниот избор за оние кои
се заинтересирани за изучување на класичниот бри-
тански англиски јазик. Курсевите во крајбрежниот
град Брајтон претставуваат спој од забава во летните
кампови со класично изучување на англискиот јазик.
Наставата трае по неколку часа дневно, а после тоа
јазикот се практикува со организирање на спортски
настани, екскурзии или забави.
Основна предност на Брајтон е тоа што се наоѓа на
еден час оддалеченост од Лондон, што претставува
лесен пристап до градот и организирање на екскур-
зии за посета на знаменитости. Програмата секоја не-
дела вклучува и една целодневна и една полудневна
екскурзија до Лондон и други блиски градови. Во сло-
бодното време се организираат спортски активности
како пливање, кошарка, фудбал, одбојка, барбикју на
плажа, посета на кино, куглање и друго
-Jазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути)
-тестови и сертификат за завршен курс како и сите потребни материjали за курсот
-Сместување и храна на база полн пансион
-Една целодневна и една полудневна екскурзиjа еднаш неделно за посета на знаменитости во градот и регионот
-Пречек од и до аеродромот во Лондон
Цени од 700 евра
АНГЛИСКИ ЈАЗИК
МАЛТА
13-18 години
Фактот што има 330 сончеви денови годишно, убави
средоземноморски плажи и официјален јазик – Англиски, ја прават Малта едно од најпопуларните места за летни јазични курсеви за сите возрасти. Времето тука поминува неосетно низ многу забавни игри, екскурзии, дружења со курсисти од целиот свет, а усовршувањето на јазикот доаѓа само по себе. Кон сето ова може да се додадат и плажите, пливање, курсеви по нуркање, сурфање, скијање на вода, клубови, забави, караоке и што уште не. Сите активности се организираат и се во придружба на стручни педагози, инструк-
тори и аниматори кои ја контролираат сигурноста на
учесниците. Летниот камп се наоѓа во летувалиштето Слиема, а во програмата е вкучена и екскурзија до главниот град Валета или до таканаречениот Град на Тишината – Мдина.
-Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на
ден во времетраење од 45 минути),
-тестови и сертификат за завршен курс како и
сите потребни материјали за курсот
-Сместување и храна на база полн пансион
-Една целодневна и една полудневна екс-
курзија еднаш неделно за посета на знаме-
нитости градот и регионот
-Пречек од и до аеродром
Цени од 600 евра
ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
АНТИБ
13-16 години
Доколку се каже Антиб, можеби ништо нема да ви значи, меѓу-
тоа ако се спомне Француска Ривиера тогаш нештата стануваат
поинакви. Антиб е мал град, меѓутоа едно од најпопуларните
летувалишта на Француската Ривиера. Се наоѓа на самиот брег
на морето и на само 25 километри оддалеченост од Ница. Лет-
ните курсеви кои се одржуваат овде нудат квалитетна настава
по француски јазик во уникатна и релаксирачка атмосфера во
ова крајморско гратче кое исто така нуди разновидни водени
и рекреативни активности (спортски игри, тематски игри, ка-
раоке, барбикју на плажа, водни спортови) кои се организи-
раат и се во придружба на стручни педагози, инструктори и
аниматори. На овој начин, учесниците на курсевите неосетно
ги затврднуваат знаењата на францускиот јазик и изградуваат
трајни пријателства со нивни врсници како од Франција така и
од цела Европа.
Предноста на Антиб се состои во тоа што претставува мал и спо-
коен град во кој не е потребно да се употребува градски транс-
порт. Во програмата се вклучени посети на Монако, Ница, Кан и
други околни градови.
Centre International d’Antibes e основано во 1985 година и е едно од водечките училишта за изучување на Француски јазик за странци.
Јазичниот центар се наоѓа на азурниот брег, на 25 км од ница.
Цени од 600евра
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на
ден во времетраење од 45 минути),
-тестови и сертификат за завршен курс како и сите
потребни материјали за курсот
-Сместување и храна на база полн пансион
Една целодневна и една полудневна екскурзија еднаш неделно за посета на знаменитости во градот и регионот
Пречек од и до аеродром
НИЦА
16 – 18 год
ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
Школото се наоѓа во близина на катедралата Нотр Дам, 10 мин од плажа. Во зградата има 12 модерно опремени училници, библиотека, интернет сала и салон за одмор.
Постојат 2 опции за сместување-во студентски дом или во семејства.
Студентскиот дом се наоѓа во центарот на градот на само 10 минути пешачење од јазичниот центар.
Семејството се специјано избрани од училиштето. Има можност за сместување во двокреветни соби, на база полн пансион. Оддалеченоста до плажа и центарот е 10-30 мин транспорт.
Ница, престолнината на Азурниот брег, се наоѓа на бреговите за Заливот на Ангелите и е заобиколена од приморските Алпи. Шестиот по големина град во Франција и најголемата француска Ривиера е многу погоден за летен јазичен курс, каде покрај изучувањето на јазикот и запознавањето на културата .
Ви се нуди можност и за уживање на плажите и во најразличните водени игри и забави. Курсевите кои се организираат овде се нудат исклучиво за тинејџери на возраст од 16 до 18 години.
Самото школо се наоѓа во центарот на градот, на 10 минути од плажата и претставува идеално место за одмор. Освен различните екскурзии низ Ница, во програмата се вклучени и полудневи и це-
лодневни екскурзии до Монако, Кан, Антиб и други. Како дополнение, се организираат и тематски забави, музика во живо, забави на плажа и друго.
Цени од 700 евра
Цената вклучува
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс како и сите потребни материјали за курсот
-Сместување
-Надгледување од обучен лидер на групата
-трансфер од/до аеродромот
-Една целодневна и една полудневна екскурзија еднаш неделно за посета на знаменитости во градот и регионот (кан, Монако или Антиб).
-активности-спорт, пливање,култура,вечерни активности, и сл.
ОБЕРСЕВЕЛ
13-16 години
За разлика од останатите европски држави, Германија не
може да понуди јазични курсеви на море, но затоа пак пре-
красните планини не отстапуваат од редот на популарни
места за летен одмор. Овде се нуди уникатен летен курс
со престој во автентичен средовековен замок како на при-
мер “Шонберг“. Целиот курс се одржува во замокот со што
може да се гарантира учење, забава и игри во безопасна
средина. Курсевите ги посетуваат млади од целиот свет
вклучувајќи и од Германија со што се има можност за стек-
нување на пријателства од целиот свет и секако поуспеш-
но практикување на јазикот. Во програмата се вклучени и
целодневни и полудневни екскурзии до Франкфурт, Бон и
други. Спортскиот и социјалниот дел од програмата вклучу-
ва кошарка, одбојка, пливање, кино и друго.
Јазичен
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во
времетраење од 45 минути), тестови и сертификат
за завршен курс како и сите потребни материјали за
курсот
Сместување и храна на база полн пансион
Една целодневна и една полудневна екскурзија ед-
наш неделно за посета на знаменитости во градот и
регионот
Цени од 600 евра
ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
ВИЕНА 14-17 години
Австриската престолнина Виена е класирана како четвртиот
најбезопасен град во светот и претставува една од најдо-
брите можности за јазични курсеви за млади на германски
јазик во голем град. Училиштето се наоѓа во студентски
кампус и со самото тоа нуди сигурност на учесниците во
курсот и покрај тоа што е во голем град. Часовите се одр-
жуваат во утринските часови, додека попладневните часо-
ви се исполнети со спортски активности, екскурзии, раз-
ни работилници, часови по танцување, готвење и слично.
Овде се вклучени и разни настани кои дополнително им
овозможуваат на учесниците на курсевите да се запознаат
со австриската престолнина.
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетра-
ење од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс
како и сите потребни материјали за курсот
Сместување и храна на база полн пансион
Една целодневна и една полудневна екскурзија еднаш не-
делно за посета на знаменитости во градот и регионот
цени од 500 евра
ЛИЈАНО
Јазичниот кампус во градот Лијано е еден од најо-
лемите во Европа. Освен изучување на италијански
јазик за студенти од странство, овде се практикува
и изучување на англиски и германски јазик за ита-
лијанските деца. Кампусот се наоѓа на еден од нају-
бавите заливи на јадранското крајбрежје. Целиот
кампус е одделен од останатите туристички објекти
со 24 часовно обезбедување. Наставата се одржува
во утринските часови, а попладнето е исполнето со
спортски активности, разни работилници, екскур-
зии и слично. На располагање се и четири базени,
игралишта за фудбал, одбојка, тенис, кошарка и
друго. Во кампусот престојуваат и деца од Италија,
со што курсистите имаат можност во целост да го
практикуваат италијанскиот јазик.
10 – 16 год
Ценатавклучува:
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути),
тестови и сертификат за завршен курс како и сите потребни материјали за курсот
Сместување и храна на база полн пансион
Една целодневна и една полудневна екскурзија еднаш неделно за посета на зна-
менитости во градот и регионот
Здравствено осигурување и 24 часовна грижа од страна на медицински персонал
Цени од 500 евра
ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК
РИМ
16 – 18 год
Јазичните курсеви кои се организираат во Рим се на-
менети за млади на возраст од над 16 години. Секој
учесник самиот може да избира дополнителна програ-
ма и на тој начин да се социјализира со новите прија-
тели. Изборот навистина е голем: видео сала со нај-
новите и популарни италијански филмови, концерти,
спортски активности и друго. Училиштето нуди богата
програма за максимално искористување на слободното
време. Секој месец се прави календар со планираните
активности и забави со што учесниците на курсот имаат
поголема можност за практикување на јазикот во впе-
чатливата атмосфера на Вечниот Град.
Секоj понеделник
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење
од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс како и сите
потребни материјали за курсот
Сместување и храна на база полу пансион (доручек и вечера)
Посетување на музеи и знаменитости во Рим и околината, спорт-
ски и рекреативни активности со квалификувани лица
цени од 500 евра
Цената
вклучува: Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење
од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс како и сите
потребни материјали за курсот
Сместување и храна на база полу пансион (доручек и вечера)
Посетување на музеи и знаменитости во Рим и околината, спорт-
ски и рекреативни активности со квалификувани лица
БАРСЕЛОНА
10-18 ГОД
Градот се наоѓа во областа Каталонија, во кој се зборува спе-
цифичниот “Каталонски“ јазик. Курсевите во јазичните центри
во Барселона, сепак се одвиваат врз основа на класичнот шпан-
ски јазик. Програмата претставува баланс помеѓу посетување
на настава и организирани забавни и спортски активности, екс-
курзии и слично. Училиштето се наоѓа во студентски кампус со
постојан надзор од страна на наставници. Вклучени се и полу-
дневни и целодневни екскурзии до Тарагона, парк Поел, атрак-
тивниот парк Тибидадо и друго.___________
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден
во времетраење од 45 минути), тестови и сер-
тификат за завршен курс како и сите потреб-
ни материјали за курсот
Сместување и храна на база полн пансион
Една целодневна и една полудневна екскур-
зија неделно, спортски и рекреативни актив-
ности
Медицинско осигурување
Цени од 600 евра
ШПАНСКИ ЈАЗИК
МАДРИД
10-18 ГОД
Покрај тоа што важи за град со неверојатна култура и историја,
Мадрид е местото каде може да се практикува најчистиот класичен шпански јазик. Училиштето се наоѓа во кампус и на тој начин нуди сигурна средина на тинејџерите и покрај тоа што станува збор за голем град. Во програмата се вклучени најразновидни спортски и рекреативни активности за учесниците кои се од најразлични националности. Сето ова е во организација на
стручни кадри и претставува прекрасен спој од настава и добар
летен одмор на вашето дете.
Во програмата се вклучени и полудневни и целодневни екскур-
зии до Толедо, Сеговија, Саламанка и други. Спортските актив-
ности вклучуваат аеробик, пливање, кошарка, одбојка, фудбал
како и разновидни работилници, часови по музика, танцови, те-
атарски групи, караоке и друго.
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење
од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс како и
сите потребни материјали за курсот
Сместување и храна на база полн пансион
Една целодневна и една полудневна екскурзија неделно,
спортски и рекреативни активности
Медицинско осигурување
10 – 18 цени од 500
год
Цената
вклучува: Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење
од 45 минути), тестови и сертификат за завршен курс како и
сите потребни материјали за курсот
Сместување и храна на база полн пансион
Една целодневна и една полудневна екскурзија неделно,
спортски и рекреативни активности
Медицинско осигурување
Цени од 600 евра
|
|