Истбурн (Eastbourne)

Центарот на градот Истбурн е збир од јазични центри повеќе групации. Истбурн е типично јужно англиско гратче, кое се простира на брегот на морето и е познато како едно од местата со најмногу сончеви денови низ годината во цела Англија. Јазичниот центар во Истбурн е основан во 1969г. и се наоѓа во зграда со традиционална англиска архитектура. Разполага со 12 просторни кабинети, IT центар со пристап до интернет, кафетерија и соба за дружење, каде курсистите можат да разговараат. Тоа е едно од најпосетуваните училишта во цела Англија. Со сигурност таа популарност се должи не само на виокиот квалитет на настава, но и од фактот дека плажата и сите вечерни забави се наоѓаат многу близу до зградата на јазичниот центар и од куќите на семејствата, каде се сместени курсистите.

Дополнителната програма се определува секој месец и вклучува екскурзии до интересни места и многу вечерни дружби, каде клиентите можат дополнително да го вежбаат англискиот со професорите, со други курсисти или со мештаните. Клиентите имаат можност за изборни активности според своите интереси: плување, куглање, кино, театар, дискотеки, планински прошетки, екскурзии до Лондон, Кентербури, Брајтон, Хејстингс и др

Цената вклучува: цена на курс, материјали за курс, тест за одредување на ниво, сертификат за завршен курс, библиотека, рекреативни активности

Цени од 750 евра.

За подетални информации околу цените и услови на патување ве молиме контактирајте не на 02/329 6643 или пишувајте на matiloska@kouzon.com.mk

Контакт
Тел: +389 2 3296 643; 2 323 88 01
Факс: +389 2 323 88 06
Email: matiloska@kouzon.com.mk

Работно време
Понеделник-Петок: 9:00 – 17:00

Адреса:
Бул. Климент Охридски 58, Скопје
Аплицирајте
Last Minute
Брошура 2010
 
 
 
Почетна | За Училишта за странски јазици | Општи информации | Услови

© Kouzon Corporation 2010