АКТИЛИНГВА АКАДЕМИЈА, ВИЕНА

 

Оваа програма е наменета за сите оние кои сакаат да го изѕчуваат или усовршат германскиот јазик во еден од најреномираните јазични центри во Биена, Австрија.
Училиштето поседува неколку капацитети за сместување од различна класа со цел да им се овозможи поширок избор на кандинатите.
Може да аплицира секој кандидат кој сака да изучува германски јазик во Виена, Австрија.
Се нудат курсеви за 1) младинци од 12-17 години. 2)возрасни од 16+ години. 3)празнични курсеви

Од отворањето на Актилингва во 1988 година, училиштето набрзо стекна репутација како училиште кое нуди одличен избор на курсеви, има идеални услови за учење и модерна техничка опременост.
Актилингва нуди врвни стандардни и комбинирани курсеви кои во цената го вклучуваат курсот, атрактивни дополнителни активности, и прекрасни услови за сместување во повеќе капацитети: Во Actilingua Residence Hotel, во семејства, во апартмани или студентски центри.

Роланд Ернст, основач и генерален директор вели: најдобар квалитет за најдобри цени.

КУРСЕВИ ЗА ВОЗРАСНИ 16+

-Максимум ученици во клас-12(стандарден курс), -8(мини групи)
-почеток-секој понеделник , абсолутни почетници еднаш месечно.
-германскиот јазик се изучува преку целата година во мали интернационални групи, 20-40 часа неделно.
-сертификати
-специјални курсеви-Германски и работно искуство, германски и музика, германски и зимски спортови, деловен германски, подготовка за универзитет.

СМЕСТУВАЊЕ
Резиденцијата на Актилингва, семејство, апартман, студенски дом, хотел. Употреба на кујна, појадок или полупансион.
Културна програма и слободни активности
Во цената на курсот е вклучено-прошетки по Виена, разговори за Австриската уметност, култура, виенскиот валцер, спортски активности.
Викенд екскурзии до Салзбург, Дунав, замоци, езера.

Распоред на часовите
Стандарден курс-
9-12.15 а.м или
2.15-5.30 п.м

Интензивен курс
(дополнителни часови во мини групи)
12.30-2.00 п.м или
5.45-7.15 п.м

Видови курсеви по германски јазик 1-11 недели

Стандарден курс
Главниот нагласок е ставен на подобрување на вашите комуникациски способности. Часовите по граматика и конверзација ќе ви помогнат да го подобрите вокабуларот и вашата синтакса.

Часови-25 неделно. Курс по германски 20+ културна програма 5.
1 час е 45 мин.
Големина на групата-од 8-12.
Почеток-секој понеделник. Абсолутни почетници еднаш месечно.
Ниво-сите нивоа преку цела година.
Траење-од 2 до 11 недели.

Интензивен курс
Овој курс е идеален за секој кој сака брз прогрес за краток период.
Часови-35 часа неделно : стандарден курс (20) +мини група 10+ културна програма 5
Големина на групата-од 8-12
Почеток на часовите-секој понеделник, Абсолутни почетници еднаш месечно.
Ниво-сите нивоа преку цела година.
Траење-од 2 до 11 недели.

Супер интензивен курс
Комбинација од групно подучување(стандарден курс) и индивидуално подучување.
Часови неделно 35 часа: стандарден курс 20+ индивидуално подучување 10 +културна програма 5
Големина на групата-од 8-12+ индивидуално подучување
Почеток на часовите-секој понеделник, Абсолутни почетници еднаш месечно.
Ниво-сите нивоа преку цела година.
Траење-од 2 до 11 недели.

Курс за подготовка за сертификат
Osterreichisces Sprachdiplom (OSD) сертификатите одговараат на Општата европска рамка.
Часови-како дополнение на избраниот курс, вие земате 8 групни часови или 4 индивидуални часови као подготовка за испитите.
Почеток-Март, Мај, Август, Септември , Ноември.
Траење 2 недели.

Деловен германски
Комбинација на стандарден курс и деловен герм,ански кој овозможува да научите се што ви треба за вашата работа за кратко време.
Часови неделно 35 часа: стандарден курс 20+ деловен германски 10 +културна програма 5
Големина на групата-од 8-12
Ниво –од елементарно 2
Почеток Мај, Јули, Август
Траење 2 недели

Индивидуално подучување
Вие сами ја дефинирате содржината на курсот преку индивидуални часови со професорот.
Часови 10-40 неделно.
2,4,6 или 8 часа дневно +5 часа културна програма

Исто така, Актилингва нуди можност за долготрајни курсеви стандардни/интензивни (во траење од 12-52 недели), подготовки за универзитет,, специјални курсеви за професори по германски јазик кои не се со германско потекло, изучување на германскиот јазик и музика, како и изучување на германски јазик и стекнување со работно искуство и комбинација на изучување на германскли јазик и зимски спортови преку викендите.

Во цената е вклучено-
20/30часа германски јазик неделно, 1 час=45 мин.
5 часа културна програма неделно.
Сместување како што е резервирано претходно
Актилингва сертификат
учебниците може да се позајмат или да се купат со 50 % попуст
Актилингва речник
Употреба на компјутери, книги, цд, двд, часописи во мултимедијална библиотека.
Интернет
Прирачник
Актилингва картичка за попуст воп многу концертни сали, ресторани и продавници во Виена

ПРАЗНИЧНИ КУРСЕВИ 16-19 ГОДИНИ

Овој курс е наменет за студенти од 16-19 години кои сакаат да поминат некое време во Виена. Часовите се одвиваат во Actilingua Dependance Sacre Coeur која се наоѓа веднаш до Актилингва Академијата.со својот простран парк и многу спортски објекти, е одлично место за младински курс во лето.

Часовите се држат во групи од 8-15 ученици.

 

 

 

Празничен курс 1:
25 часа неделно- германски јазик 20 +5 часа културна програма.

Празничен курс 2:
20 германски јазик + 10 дополнителни часа +5 часа културна програма

Курсевите започнуваат во Јули, Август.
Ниво-сите нивоа
Траење-2-6 недели.

СМЕСТУВАЊЕ И ИСХРАНА
Студентите се сместени во двокреветни соби со полупансион во студентски дом.
Во цената на курсот е вклучена културна програма и слободни активности , вечерни активности, диско, скара.
Можност за многу спортски активности-футбал, кошарка, итн.

ЛЕТНО УЧИЛИШТЕ ВО ВИЕНА (12-17 ГОДИНИ)

Престижното приватно ушилиште, основано од Марија Тереза, овозможува совршено учење и рекреативни активности за јуниор програмата . школото се наоѓа во центарот на Виена. Кампусот има терени за тенис, фудбал и возбудливи слободни активности.
Часовите се одржуваат во мали групи од максимум 15 ученици, од понеделник до петок.
Летен Курс 1. 20 часови германски јазик неделно
Летен курс 2. 30 часови неделно. 20 часови германски јазик неделно плус 10 дополнителни часови во мали групи.

СМЕСТУВАЊЕ
Стандардно-Летното училиште не само што има училници, заеднички простории и ресторан, но исто така има и објект за сместување. Момчињата се одделени од девојчињата. Студентите се сместени во пространи, удобни 4-6 креветни соби со бања на секој спрат.

Луксузно- собите се полуксузни, секоја соба е трокреветна и има сопствено купатило.

24 часовен надзор и подршка.
Има 3 богати оброци дневно во училишната менза.

Сите ученици мора да имаат здравствено осигурување. И осигурување од незгоди и да остават депозит од 30 евра кој им се враќа на крајот доколку ништо не е оштетено.

 

Контакт
Тел: +389 2 3296 643; 2 323 88 01
Факс: +389 2 323 88 06
Email: matiloska@kouzon.com.mk

Работно време
Понеделник-Петок: 9:00 – 17:00

Адреса:
Бул. Климент Охридски 58, Скопје
Аплицирајте
Last Minute
Брошура 2010
 
 
 
Почетна | За Училишта за странски јазици | Општи информации | Услови

© Kouzon Corporation 2010