ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА РАБОТА НА БРОД
секој вторник во 11.00 часот
Секој вторник во салата за презентации на Коузон во новите канцеларии на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 се врши професионална презентација за вработувања на Cruises Компаниите... Читај Повеќе
Центарот за обуки на Коузон Вработување почнувајќи од втората половина на месец октомври ќе отпочне со организација на обуки за сите вработени во угостителските објекти во Македонија .
Еден дел од обуките ќе се реализираат во Скопје во тренинг центарот на Коузон, а другиот дел ќе се спроведува во самите работни средини на вработените т.н on work training .
Идејата за реализација на овие активности е со цел подобрување на квалитетот на услугата и сервисот во угостителските објекти во со усовршување на техники од
“five star service” (оние кои се применуваат во бродската Cruises индустрија), начини на продажба и зголемување на прометот во угостителските објекти , усовршување на терминологијата за љубезност ( според највисоките светски стандарди ) и други усовршувања на вработените во тимската работа .

По првиот дел од обуките ќе понудиме и втор дел за средните менаџерски позиции во кој како предавачи ќе се истакнат врвни специјалисти од неколку европски држави .
Обуките се отворени и за индивидуалци кои сакаат да ги подобрат своите знаења и да стекнат понапредни квалификации за подобри вработувања во Македонија и регионот и секако побрзо напредување во кариерата .
За најдобрите учесници на обуките секогаш ќе има и соодветни понуди за вработување во ексклузивни објекти во Македонија.























