ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА РАБОТА НА БРОД
секој вторник во 11.00 часот

KouzonСекој вторник во салата за презентации на Коузон во новите канцеларии на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 се врши професионална презентација за вработувања на Cruises Компаниите... Читај Повеќе

HOT JOBS - 01 Sep 2011

Assistant Waiter

Head bartender

Bartender female

Bar server

Wine Tender

Cellar Coordinator

Wine tender

Facility Cleaners

Assistant stateroom attendant

Stateroom attendant

Security guards(male and female)

Sommeliers

Youth Staff

International Ambassador

Работни понуди
Анкета
Работа во Грција
Работа во Грција
Општи услови...


  • Royal Caribbean
  • Princess Cruises
  • NCL Cruises

  • Добредојдовте на веб страницата на Коузон
    НОВИ " ДИПЛОМЦИ " НА ROYAL CARIBBEAN ACADEMY

    Скопје , 11 Ноември 2011

    По успешниот старт на Ноемвриската Акедемија од RCCL на 07.11 ,веќе ги добивме новите „ дипломирани „ WA  кои од денес почнуваат со работа на бродовите на компанијата ширум светот .

    Неизмерно беше задоволството и нескриена беше радоста кај сите учесници на тренингот кои на последниот ден од обуката ги добија сертификатите како признание и доказ дека заслужуваат да бидат дел од WOWтимот на RCCL .

    Обуката која е концепирана како систем на стекнување на знаења пред вработувањето ( т.е заминувањето на работа ) на бродовите на компанијата, во целост ја исполнува целта бидеќи сите учесници на тренингот апсолутно ( и декларативно ) се чивствуваат и спремни и гор ди што толку брзо и толку ефикасно ја совладуваа  материјата од Обуката .

    Горди на постигнатото , но уште повеќе желни за предизвикот веднаш да се докажат , не поздравија и заминаа ..........
    Да , заминаа од Македонија директно на бродовите на компанијата и уште од утре , ( некаде таму на некој брод ) ќе ја раскажуваат вистината дека преку Коузон стекнале сертификат за квалификации , имале бесплатна 5 дневна обука од RCCL  и што е најважно заминале без да чекаат повече од 15 дена од интервјуто .

    Вистината е една  и единствена , КОУЗОН е докажан лидер во вработувањата во бродската cruises индустрија и единствена компанија во Европа која има ваков професионален тренинг центар .( на оваа обука учествуваа кандидати од 6 држави )

    Каде „ пловат “ Вашите размислувања по оваа информација . Дали и вие посакувате да бидете дел од една вака успешна приказна ???

    – URGENT – HOT POSITIONS

    RCI- Printers ( 1250 USD Salary per month)

    MSC- Photographer ( priority ship experience)

    MSC – Shop managers , assistant shop managers , jewelers ( ship experience)

    RCI – Assistant Waiters ( bilingual ,Italian, German, Spanish, French Priority)

    CEl- Assistant Waitress (female priority)

    RCI, CEL, AZAMARA – Head waiters , bar managers , chef housekeeper, Ass.metre'd ( ship experience or large international Hotel experience ), bartenders, flair bartenders, barista.

    Princess – sommeliers ( ship experience ), electricians .

    Аплицирајте веднаш на limba@kouzon.com.mk
    или на 02 323 88 01
    R.O.T.C - MACEDONIA PHOTO GALLERY

     



     
    ПОЧЕТОК НА НОВАТА ТРЕНИНГ АКАДЕМИЈА ВО СКОПЈЕ R.O.T.C – RCCL and CELEBRITY CRUISES

    Скопје , 07 Ноември 2011

    Денес стартуваше 2-риот по ред Тренинг од т.н Royal Caribbean R.O.T.C – Macedonia .Првата група на кандидати од неколку Балкански држави го почна успешно 5-дневниот тренинг со полна спремност да ги апсорбираат сите нови информации кои ќе ги слушнат и видат од тренерот на RCCL – Mr. Leo Comerton

    За нас , како носители на овој проект , од особена важност е сите избрани кандидати за овој тренинг да се чувствуваат пријатно во Македонија ( бидеќи 90 % од нив се од други држави ) и секако да се подготват за успешен старт и градење на нова кариера на оваа најдобра бродска Cruises Компанија .

    Покрај основните  информации за работните позиции кои ќе ги работат , овој тренинг има за цел да им го приближи и практично делот од секојдневните обврски  и активности . Прекрасно е да се видат толку многу националности кои од првиот ден веќе се чувствуваат како големо семејство кое е сплотено да биде најдобро и по работните резултати но и по заедничкото дружење .

    Еве неколку слики од првиот ден од Академијата .( деновиве ќе следуваат многу повеќе ) .

    УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНО ИНТЕРВЈУ ЗА RCCL,CCL & AZAMARA

    22.10.2011

    Скопје , 18-20 Ноември 2011
    Како и секогаш досега , Коузон успешно го реализира четвртото овогодишно интервју за оваа светска лидерска Cruises  компанија .

    Во трите дена во Скопје „ продефилираа “ 150 кандидати кои и овој пат се изборија за позициите за кои аплицираа . Со неверојатен просек на поминати ( одобрени ) кандидати од 98 % , Коузон убедливо ја држи првата позиција во целата мрежа на Партнери за овие компании во светот .

    Тоа е доказ за нашиот професионализам и секако потврда на исправноста на системот на предрегрутација кој го имаме .

    И ова интервју беше подготовка за предстојниот Тренинг кој ќе го имаме со RCCL во Скопје во рамките на RCCL R.O.T.C  ACADEMY . Од 6 до 19 НОЕМВРИ  ќе се органзира тренингот за новите две групи. По завршувањето на обуката сите учесници ќе заминат директно на некој од бродовите на RCCL . Како и предходниот пат , така и сега , целокупниот престој е бесплатен за сите учесници на новата R.O.T.C  Академија .
    Но тое е само дел од новостите . Она што е новост е поврзано со CELEBRITY CRUISES .
    CELEBRITY CRUISES – Academy , Skopje – Macedonia

    Од 21 Ноември  ќе почне првата група од тренинг центарот на CELEBRITY CRUISES  .

    И за учесниците на оваа обука ќе биде обезбедено бесплатно сместување , храна  и обука . Сите тие веднаш после обуката заминуваат на некој од бродовите на оваа компанија .

    И вој тренинг – за двете компании
    RCCL & CCL  ќе биде со кандидати од 6 држави во кои Коузон успешно работи .

    Овој несомнен успех што го постигна Коузон е навистина привилегија за сите наши апликанти и секако голема гордост за добиената доверба . Македонија сега е центар за Cruises индустријата за цела Источна Европа .

    ШТО ЧЕКАТЕ ВИЕ , ДАЛИ БИ САКАЛЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ И ДА ЈА ДОБИЕТЕ ОВА АРЕТКА И ЕДИНСТВЕНА МОЖНОСТ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД АКАДЕМИЈАТ НА
    RCCL & CCL ???

    PRINCESS CRUISES –Коузон интервју во Белград ( 7-12 Октомври 2011 )

    15.10.2011

    Коузон – го реалзира најавеното интервју за оваа Бродска компанија во центарот на Балканот , во Белград .
    Групата броеше 100-тина кандидати од Србија , Црна Гора , Босна и Херцеговина и Бугарија .


    Како и изминатите години и овој пат , селектираните кандидати ( кои поминаа и 5 дневна обука со нашиот тренинг тим ) многу успешно се представија и се „ изборија “ за саканите позиции.

    Ова беше последно интервју за 2011 година со Princess Cruises но со голема најава за следното кое ќе биде во првата половина на Фебруари.

    Princess Cruises -  го проширува  спектарот на работни позиции кои ги бара од нас и веќе започнавме со интервјуа за Офицери . ( !? )
    Доколку Вие имате Ваши пријатели кои се квалификувани за овие офицерски позиции , Ве молиме секако да ги упатите на нашата адреса .

    КОУЗОН КАМПАЊА – СЕПТЕМВРИ 2011

    05.09.2011

    Динамиката на интервјуа  што ја наметнуваат нашите Cruises  партнери , не дозволува мирување . Само што ги завршивме активностите во Август , кои беа со невидено темпо на реализаиција на тренинзи , вработувања и prescreening  интервјуа , следи уште поголема динамика во Септември .

    Нема да има држава и место каде нема да бидеме присутни .

    Турција , од 12 до 16 Септември – интервјуа со  нови кандидати и тренинг
    Црна Гора – 19 – 22 Септември – Интервјуа и тренинг со нови кандидати
    Македонија – 21 – 23 Септември – Обука за еден дел од новите кандидати
    Бугарија – 25-26 Септември , Интервју со нови кандидати во Софија
    Македонија – 28-30 Септември , Обука за ресторански позиции , нови кандидати
    Хрватска – 30 Септември , Интервју за MSC Casino Department
    Македонија – 30 Септември , интервју со NCL – Youth Staff

    Секако оваа динамика на патувања и активности ќе биде проследена и со прифакање на нови апликанти , организирање на презентации ( во Скопје , секој вторник во 11.00 часот ) .

    Не го чекајте датумот за некое од наведените интервјуа , аплицирајте навреме и обезбедете си место во првите групи кои следат .

    А што во октомври ?

    „ лудницата “ ќе продолжи и во Октомври , само како информација , во овој месец се најавени и ќе се реалзиираат следниве активности :

    Белград ( Србија ) – корпоративен тренинг за Princess Cruises  07-12 Октомври
    Белград ( Сербија ) – интервју со Princess Cruises  ( за кандидати од Србија , Црна Гора , Бугарија и Босна и Херцеговина )
    Анталија и Истанбул ( Турција ) интервју со  RCCL  - 21-23 Октомври ( само за кандидати од Турција и Кипар )
    Скопје – ( Македонија ) – интервју со RCCL – 17-19 Октомври  ( кандидати од Македонија , Бугарија , Србија , Црна Гора , Босна и Херцеговина , Албанија ) 
    Скопје – ( Македонија ) – интервју со MSC Photo Department 29 -30 Октомври


    R.O.T.C – MACEDONIA, ГОЛЕМ УСПЕХ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ

    23.08.2011

    По успешниот старт на 15 Август , Тренинг центарот на Коузон и RCCL ја продолжи својата работа со втората група на 22 Август .

    Во прекрасна атмосвера исполнета со " впивање " на нови знаења и постојано дружење и практицирање на заедништвото , сите присутни на тренингот од оваа втора група ги покажуваат своите квалитети и решеноста да бидат најдобри на бродовите на Ројал .
    Обуката се изведува со дневна динамика во траење од 8 работни саати во кои сите имаат можност да се запознаат со работните задачи што ќе им бидат доделени по пристигањето на брод како и се она што е повзано со бродскиот живот .

    Иако тренингот е на копно ( т.е во хотел во Скопје ) атмосферата наликува целосно на реалноста што ќе ја имаат на бродовите. Сместувањето и учењето се под еден покрив ( како на брод ), сите активности се професионално изведени ( пак како на брод ) , храната е органзирана во посебен ресторан ( исто како на брод ) ............

    Ние како организатори на овој тренинг направивме се да ја доловиме вистинската атмосфера од бродовите на Ројал. * фотографиите од галеријата го покажуваат тоа, нели ?

    Сега она што е важно да го истакнеме .

    Коузон ја продолжува ова активност со RCCL и во периодот што следи.
    Веќе во Ноември се новите групи за обука во овој наш тренинг центар . Сите заинтересирани треба да аплицираат во наредниве неколку недели ( најкасно до 15 Септември ) .

    Во моментов најпотребни ни се помошници келнери кои покрај англискиот го владеат Италијанскиот јазик. Дали сте вие еден од нив ?

    Аплицирањето е отворено за сите Вас , повелете аплицирајте .

     

    Останати Новости:

    Затвори ги сите вести | Отвори ги сите вести
    УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНО ИНТЕРВЈУ ВО СКОПЈЕ СО RCCL

    11.07.2011

    Како и секогаш досега , така и во оваа прилика Коузон го реалзираше најавеното големо интервју со RCCL  во Скопје .

    Од 6 до 9 Јули во  Хотелот „ Александар Палас “ ( местото каде се одржуваше интервјуто ) беше  навистина живо .

    Повеќе од 150 кандидати се обидоа  и  добија вработување на работните позиции за кои аплицираа. Процентот на одбиени кандидати е само 8 % што секако за нас како организатори на ова интервју многу не радува. Коузон останува лидер како Агенција со најнизок % на одбиени апликанти во целиот систем на Hiring партнери на RCCL . ( Ова секако се должи на професионалниот рекрутмент и селекција , но и на сериозноста со која кандидатите се подготвиле за интервјуто ) .

    Од сите понудени позиции за ова интервју , сите беа пополнети до последно место . Имавме кандидати за се и сешто .
    Следува заминувањето на одобрените кандидати во следниов период.
    Секако најсреќни беа кандидатите за позицијата Ass. Waiter за RCCL кои по ова интервју ќе дојдат на обука од 15 Август во Скопје . Тие веднаш по оваа тренинг Академија ќе заминат не некој од бродовите на RCCL . (  веќе на 20 Август сите тие ќе бидат на брод и ќе ја почнат својата успешна кариера )

    По ова интервју , Коузон го договори следното кое ќе биде кон крајот на август или во првата половина на Септември .

    Доколку Вие сакате да аплицирате , Ве покануваме тоа да го направите поскоро .

    Ве очекуваме !!!
    ВРАБОТУВАЊА НА СУПЕР ЛУКСУЗНИ ЈАХТИ

    02.06.2011

    Коузон влезе во системот на регрутација на персонал за најлуксузните МЕГА ЈАХТИ на светот. На овој проект работевме напорно неколку години . Како резултат на реномето , високите препораки и пред се 15 годишното искуство беа предуслов да бидеме прифатени во ова „ семејство “ каде работат само најдобрите од најдобрите на светот ( заслужено сме таму , нели ? ) .

    2

    Прва Јахта за која е побаран персонал од нас е FARIBANA V ( ex Sarafsa ) која е изградена во 1998 година во Холандија . Должината на оваа јахта е 54.50 метри сто ја вбројува во рангот на т.н SUPER YACHTS.

    Јахтата е во сопственост на едно кралско семејство ( заради дискреција несмееме да соопштиме кое ) и цело лето ќе биде во водите на Медитеранот .

    За оваа Јахта потребни ни се искусни проверени кандидати кои имаат високи квалификации од VIP сервисот . Дали сте вие еден од нив ???
    Ако се чувствувате способни , повелете аплицирајте ( работниот договор е три месеци од Јули до Септември ) .

    MSC , NCL & PRINCESS три големи компании и три големи Интервјуа

    27.05.2011

    Коузон успешно ги реализираше најавените активности и одржа во многу краток период три големи интервјуа со партнери од Cruises индустријата .



    За интервјуто со MSC веќе Ве информиравме  ( видете ја веста од 12 Мај ).





    За Интервјуто со NCL  одржано на 20 Мај можеме да ги истакнеме продобивкте од него.
    Оваа голема бродска компанија вработи 50 млади од регионов ( државите во кои Коузон работи активно Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија ). Она што е исто така важно е дека новиот тим за вработување на  NCL беше презадоволен со нашата активност и избраните кандидати и ни даде задача да го развиваме во ситемот во целиот регион на Балканот и пошироко ( Турција , Босна , Унгарија и Грција ) што секако представува големо задоволство за нас . За оваа компанија веќе во септември ќе имаме ново интервју за повеќе работни позиции .Интервјуто ќе биде во Скопје а за нашите кандидати од Турција ќе организираме интервју во Истанбул .



    Мај – беше месец во кој Коузон го оргазнираше и интервјуто за Princess Cruises во Будимпешта ( полека но сигурно ја освојуваме и Унгарија со нашата активност ) . Нашите гости од Princess Cruises ги регрутираа кандидатите кои беа избрани и селектирани од нас за оваа компанија . И на ова интервју Коузон понуди листа на кандидати од три држави ( Србија , Црна Гора и Бугарија ) .

    Princess Cruises  по ова интервју за Коузон ги отвори вратите и за ТЕХНИЧКИ ПОЗИЦИИ кои рално во регионов ќе ги има само Коузон . За овие позиции скоро ќе добиете најава во текот на Јуни . ( подгответе се за Аплицирање )

    MSC -  Прво интервју во Македонија

    12.05.2011

    Најголемата и најдобрата Европска Cruises Компанија ( која во Македонија и регионов и доста популарна и по продажбите ка Cruises туристичките пакети ) од скоро ќе има голем број на вработени преку Коузон .

    Како и за многу други бродски компании, Коузон стана главен партнер за вработување за MSC  за регионот на Балканот и Турција .
    Во Скопје од 9 до 12 Мај , го реализиравме првото интервју ( во живо ) со представниците на тимот од HR Department-от на оваа компанија.

    Наши гости беа Mr. Gargiulo (MSC  HR Manager ) & Ms. Sartori ( MSC Shop personnel Manager ) .

    Во неколкудневните интервјуа вработени се повеќе од 40 кандидати од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Турција .

    По оваа соработка со MSC SHOP Department , ќе следат и интервјуза Фото и Casino  Department , со што Коузон ќе има можност да вработи неограничен број на млади професионалци .

    Каде е Вашата желба да работите ?

    Ние сме секогаш подготвени да ги прифатиме Вашите апликации . Повелете секој втонрик во канцеларијата на Коузон Вработување на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 и проследете ја нашата професионална презентација . По тоа , се е веќе лесно , светските Океани и Мориња чекаат на вас !

    NCL ВО МАКЕДОНИЈА – МАЈ 2011

    Нашиот долгогодишен партнер Norwegian Cruise Line ( NCL )  во првата половина на Мај 2011 година ќе ни биде гостин во Скопје . Тимот за регрутација на оваа компанија ја прифати нашата покана за реализација на интервју за сите Балкански држави .

    Интервјуто ќе се реалзира во Скопје. Предложени се неколку работни позиции за ова интервју за кои секогаш Коузон има голем број на заинтересирани кандидати.
    Оваа Cruises компанија котира многу високо на листата на популарни бродски компании за вработување пред се заради добрите услови при вработувањето но секако и високите плати и можноста за брзо напредување во кариерата.* Впрочем NCL е една од 5-те најдобри светски Cruises Line компании

    Процесот на аплицирање е започнат и сите Вие кои имате интерес и желба за работа добро би било да размислите што поскоро и да се пријавите во некоја од нашите канцеларии или да дојдете во Скопје на задолжителната презентација секој втоник од 11 часот .

    За повеќе информации Ве молиме  лично да не контактирате .

    УСПЕШЕНО ТРИМЕСЕЧНО РАБОТЕЊЕ ВО 2011 ГОДИНА

    Првите три месеци од 2011 година Коузон Корпорација ги завршува доста успешно со реализирани повеќе активности на полето на регрутацијата , обуките и интервјуата со неколку бродски компании  и хотелски синџири .

    Стартот на 10 Јануари  најавуваше голема динамика со патувања во Бугарија , Србија, Турција , Црна Гора и секако низ неколку градови во Македонија. Овие патувања беа со цел да се реализираат презентации и прелиминарни интервјуа со сите пријавени кандидати од овие држави . Нашите канцеларии реализираа извонредна подготовка така што во Тиват ,Ниш , Белград , Софија и Истанбул беа селектирани повеќе од  400 кандидати . Најголем дел од нив останаа со желбата за вработување кај нашите партнери од Cruises индустријата ( Princess Cruises , MSC , RCL, Star Cruises )  но еден дел се изјаснија за вработувања во Обединетите Арапски Емирати и Грција .

    Во втората фаза од активностите , Ние ги реализиравме успешно интервјуата за Princess Cruises во Будимпешта ( Унгарија ) со кандидати од Србија , Црна Гора и Бугарија , потоа следеше интервјуто за RCCL , CCL & Azamara Club Cruises  во Скопје со кандидати од Македонија , Србија , Бугарија и Црна Гора . Веднаш по ова интервју ние се преселивме во нашата канцеларија во Истанбул каде реалзиравме големо интервју за RCCL,CCL & AZAMARA со кандидати од Турција. Во меџувреме имавме и две интервјуа со MSC  за позиции во Casino & Duty Free Shop .

    По овие активности сите избрани кандидати се во постапка на заминување на некој од бродовите на овие бродски компании.

    И следните три месеци за Коузон Корпорација ќе бидат со извонредна динамика на активности и тоа во сите 5 држави каде активно работиме . Не очекуваат нови вработувања за сите наши партнери и проширување на партнерскиот однос со нови компании и вработувања.

    Коузон активно се вклучува и во регионалните вработувања , така што ќе следат вработувања во Хотелски ланци во Грција , Црна Гора , Турција , Обединетите Арапски Емирати и неколку Европски Држави

    Нашите канцеларии секогаш се отворени за сите заинтересирани кандидати за работа во Hospitality индустријата . Повелете аплицирајте и вие !

    КОУЗОН – УСПЕШЕН СТАРТ ВО ЦРНА ГОРА

    На 29 и 30 Јануари Коузон ја промовираше својата активност и во Црна Гора со презентации и интервјуа за работа на брод.

    Тиват и хотелот  „ Примавера “ беа местото каде 100-тина Црногорци се слеаа да ја проследат нашата презентација и да се пријават за работа на брод.
    Како поморска нација , Црногорците беа многу заинтересирани за оваа ретка можност што им ја понуди Коузон за работа на најголемите бродски компании на светот.


    Во двата дена дена од интервјуата избравме  кандидати за сите можни позиции за предстојните интервјуа за Princess Cruises ( во Белград 0д 12 до 17 Јануари ) и за RCCL  ( во Скопје од 26 до 28 Фебруари ) .

    Нашиот старт ќе биде со постојана канцеларија во Тиват , а во периодот што следи ќе планираме и отварање на канцеларија во Подгорица .

    Сите заинтересирани апликанти од Црна Гора и натаму може да се пријавуваат за работа на брод на zoran@kouzon.com.mk

    Следната активност ќе биде за неколку недели .

    КОУЗОН–официјален партнер на PRINCESS CRUISES за Балканот

    as

    Почетокот на 2011 година  е особено успешен за Коузон . Иако сме само 10 дена во новата година имаме забележано неколку значајни резултати од работењето во предходните години .

    Како потврда на кашиот квалитет во регрутацијата на кандидати за Бродската индустрија , една од поголемите и попрестижните Cruises компании , PRINCESS CRUISES и официјално не промовира во HIRING PARTNER  за три Балкански држави , Србија, Црна Гора и Бугарија.

    Овој своевидеен успех е голем мотив за нас за понатамошно развивање на нашиот систем во сите овие држави и секако можност повеќе за локалните кандидати да стекнат можности за вработување во оваа престижна бродска индустрија.

    Првото интервју во 2011 година за Princess Cruises ќе се реалзиира во Белград на 15 и 16 Фебруари. По ова ќе следат интервјуа на секои три месеци и тоа органзирани во различни градови како што се Софија, Подгорица и Скопје .

    Доколку Вие имате свои пријатели од овие држави Ве покануваме да ги информирате за оваа прекрасна можност

    ИНТЕРВЈУ ЗА MSC - Casino department

    Многумина се подготвуваат за пречек на Новата Година , но ние со нашите партнери од MSC ( најголемата европска Cruises компанија ) го одработивме последното интервју за оваа 2010 година .

    Во Хотелот на Александар Палас во Скопје го организиравме интервјуто за Casino позиции и тоа за кандидати од Македонија и Србија.

    Успеавме да поставиме маси за Table test  ( како во реално Casino ) .


    Гостите од Италија беа презадоволни од организацијата и од нивото на подготвеноста на нашите избрани кандидати . Аналогно на тоа ни најавија нова можност за интервју веднаш на стартот од новата 2011 година.

    Коузон во иднина ќе посвети повеќе внимание на овие позиции за Casino  и секако ќе се потрудиме во иднина да имаме многу можности за вработување  на кандидати од регионов за оваа бродска компанија .

    Ве покануваме да аплицирате и да се придружите на тимот на MSC  .


    MCS CRUISES - CASINO POSIТTIONS



    За дополнителни информации обратете се на е-маил limba@kouzon.com.mk

    ALLURE OF THE SEAS




    Повеќе инфорамции овде

    КОУЗОН СО СВОЈА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ПРИЛЕП

    Од денес 13 Октомври , Коузон ја возобновува својата активност во Прилеп со сопствена канцеларија . Лоцирана е во самиот центар на градот на Булеварот Гоце Делчев ( или како што многумина знаат да кажат спроти пицеријата - Ластрада ) .
    Отварањето на канцеларијата е иницирано од големиот интерес на младите од Прилеп за програмите на Коузон . И досега Прилеп беше еден од поголемите регрутни ценри од кои Коузон регрутираше кандидати за бродската индустрија и секако студенти за сите свои програми .


    КОУЗОН СО НОВА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ПРИЛЕП


    Работното време е од 9.30 до 16.30 во работните денови и во сабота од 9.30 до 15.00 часот . Информации можете да добиете на 048 551 420

    Младиот тим од оваа канцеларија ќе им излезе во пресрет на сите барања на заинтересираните кандидати . Доколку и вие сте еден од нив , слободно посетете не

    ЛИДЕРИ НА ДЕЛО

    Од 1 Септември Коузон ја отвара својата прва канцеларија во Турција .Оваа активност следи по потпишувањето на договорот за вработување на кандидати од Турција за најголемата бродска компанија на светот Royal Caribbean Cruises Ltd.


    КОУЗОН СО НОВА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ИСТАМБУЛ


    Големиот предизвик го прифативме како награда за извонредните резултати од соработката со RCCL во изминатата година . По овој успех Коузон Корпорација се врбројува во најголемите партнери на оваа бродска компанија со покривање на териториите на Македонија, Србија, Бугарија, Косово а сега и Турција .
    Имаме големи планови за развој на нашиот систем и во Турција со тоа што наша основна цел ќе биде да го воспоставиме истиот квалитет при селекцијата , обучувањето и регрутацијата на кандидати за оваа водечка туристичка индустрија .

    Седиштето на канцеларијата ќе биде во Истанбул , а докрајот на годината ќе има проширување и на други три града и тоа Анкара , Анталија и Измир.

    ИСТАМБУЛ - ТУРЦИЈА

    адреса :Aydede Cad. Koray Apat. No 16 Daire 5, Taksim, Istanbul Turkey
    телефон: 0212 253 89 57; 0212 253 89 97,
    е-пошта:
    info@kouzonturkey.com

    ГОЛЕМО ПРИЗАНИЕ ЗА КОУЗОН...

    ГОЛЕМО ПРИЗАНИЕ ЗА КОУЗОН ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ СЕРВИС ПРИ РЕГРУТАЦИЈА И ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА ПРИ ВРАБОТИВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ОД НАЈГОЛЕМАТА CRUISES КОМПАНИЈА НА СВЕТОТ ( RCL INTERNATIONAL)

    NORWEGIAN EPIC - Најновиот брод на NCL

    Нашиот долгогодишен партнер , една од најголемите Cruises компании на светот Norwegian Cruises Line ( нашата соработка со нив започнува во 2000 година ) , пред само неколку дена го пушти најсовремениот и најголемиот брод во својата флота именуван како Norwegian Epic.

    Во бродот се инвестирани околу 1.200.000 ( една милијарда и двеста милиони долари ) и представува своевидно ремек дело на најновите модерни достигнувања ( технички и иновативни)



    Покрај ова овој брод е замислен како своевиден центар за забава со атрактивни гостувања на Blue Man Group и многу други светски звезди од шоу бизнисот .
    Сместувањето е конципирано со иновативни решенија ( за прв пат ) поставено како Studio Lounge оr private Villas.

    Во 20 different dining options и со специфичниот и исто така единствен Freestyle Cruising – оваа компанија нуди несекојдневно искуство и доживување за гостите . Секако за нас најважен е посебниот систем на едукација на вработените ( а ги има и од Македонија , Србија и Бугарија – селектирани и вработени преку Коузон ) кои се обучени за овој уникатен систем на сервис .

    По своите специфики овој брод е вистинско ремек дело :

    Passenger Capacity: 4,100 (double occupancy)
    Gross Register Tonnage: 153,000
    Overall Length: 1,081 feet
    Max Beam: 133 feet
    Draft: 28.5 feet
    Engines: Diesel Electric
    Cruise Speed: 22 knots
    Crew: 1,708

    Доколку Вие аплицирате за работа на брод , можеби ќе Ви с енасмее среќата д аработите на овој брод. Повелете бидете наши апликанти !!!!




    Бар Шоу

    Имаме чест да ви го претставиме Ненад, еден од насите најдобри кандидати кој моментално работи на Celebrity Equinox на позицијата Бартендер.