ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА РАБОТА НА БРОД
секој вторник во 11.00 часот

KouzonСекој вторник во салата за презентации на Коузон во новите канцеларии на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 се врши професионална презентација за вработувања на Cruises Компаниите... Читај Повеќе

Новости

ИНТЕНЗИВНА АКТИВНОСТ И НА КРАЈОТ ОД ГОДИНАВА



Со особено задоволство можеме да констатираме дека се до крајот на оваа упсешна 2009 година ќе имаме полни раце работа.
Во тек се интервјуа со MSC за позиции во Gift Shop . Овие интервјуа траат веќе еден месец . На барање на компанијата ние обезбедивме повеќе кандидати од предходно пријавените , така што бројот на примени кандидати на крајот ќе биде сигурно двојно поголем од првично договорениот.
Горди сме на оваа соработка со MSC бидеќи е прв пат да се вработуваат Македонци на оваа најголема Европска Cruises  Компанија .

За нашиот најголем партнер во вработувањата во бродската индустрија , воедно и најголема светска Cruises  Компанија , Royal Caribbean Cruises Line ќе имаме интервјуа заклучно со 23 декември .
Представниците од RCCL  имаат полна доверба во нас и секогаш прво нас не контактираат за сите нивни потреби од нов кадар за вработување.
Ве потсетуваме дека кон крајот на Јануари во Скопје ќе организираме големо интервју за вработување за оваа бродска компанија , како централен настан за сите држави од регионов ( Србија , Бугарија и Косово ).

Аплицирањата за сите понуди за вработување на бродските компании се во тек. Услов да се пријавите е да присуствувате на нашата задолжителна презентација , секој вторник од 11 часот во новите канцеларии на Коузон .

Повелетe , бидете дел од светскиот џет сет !!!