ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА РАБОТА НА БРОД
секој вторник во 11.00 часот
Секој вторник во салата за презентации на Коузон во новите канцеларии на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 се врши професионална презентација за вработувања на Cruises Компаниите... Читај Повеќе
STAR CRUISES на интервју во Скопје
Најголемата и најдобра Cruises компанија од Далечниот Исток (Малезија) – Star Cruises искажа желба да дојде во Скопје за регрутирање на нови кандидати за работа за оваа компанија. Коузон како нивни регионален представник за Македонија, Бугарија и Србија , ја прифати обврската и ние ќе организираме интервју во втората половина на месец Април.
Како и секогаш Star Cruises од нас бара исклучиво кандидати за работа во Casino Department и тоа за следниве две работни позиции (General Staff Apprentice (Freshee Dealer/Croupier and Cage Cashier).
Пријавувањето за овие работни позиции е во тек. Ваше е само да дојдете во вторник на презентација во нашите канцеларии и да имате ќелба да градите кариера во оваа индустрија. Од предходните искуства од Соработката со оваа компанија имаме многу позотивни резултати и сите кои веќе работата за оваа компанија имаат високо мислење за условите за работа и секако знаењата кои се стекнуваат.
ПРОЛЕТНА „ ОФАНЗИВА “ ЗА РАБОТА НА БРОД
Со почетокот на пролетта Коузон планира своевидна офанзива за вработувања на големите бродски Cruisis Компании . Ќе има повеќе интервјуа за неколку големи бродски компании , но ќе има и нови со кои ќе почнеме соработка за прв пат .
Сигурни интервјуа кои се веќе договорени се за : Royal Caribbean ( RCCL , CCL , Azamara Cruises ) , NCL , Disney Cruises , MSC , Star Cruises . Нови компании со кои очекуваме почеток на соработка се Costa Cruises , River Cruises EU како и некои помали бродски компании претежно до Европските држави .
Веќе е закажано интервјуто за нашиот традиционален партнер Princess Cruises кое ќе се одржи на 31 Март во Белград . На ова интервју Коузон ќе вработува само кандидати од Србија, Црна Гора , Босна и Бугарија .
Обуката за избраните кандидати за оваа компанија ќе се реализира од 27 до 30 Март во Ниш .
Како и досега процесот на аплицирање мора да започне со учество на презентација во вторник во 11 часот по која следи прелиминарно интервју за утврдување на квалификации . Оние кои ќе го поминат прелиминарното интервју ќе мора да посетат една од обуките на Коузон за доквалификација .
Коузон – Вашиот регионален лидер во посредувањето за вработување на Cruises компаниите Ве кани да бидете дел од светскиот џет сет . Аплицирајте !!!
STCW-95 Обука во Скопје
Од 15 до 20 Фебруари Коузон органзираше обука за поморски сертификати според Светската поморска конвенција . Предавачи и овој пат беа професиори од центарот за обука од Варна (Република Бугарија ) кои во 6 дена ги пренесоа сите свои знаења и им овозможија на учесниците на обуката да се квалификуваат за работа на брод. Овие сертификати беа последниот чекор што требаше да се направи за активно вработување на избраните кандидати за работа на бродската компанија MSC .
Нашата група на кандидати ќе бидат првите Македонци кои ќе работат за оваа најголема Европска бродска компанија .
Како резултат на извонредните резултати од предходните интервјуа , оваа компанија ќе ја прошири соработката со Коузон и за други работни позиции пред се за работа во т.н F&B department .
Еве неколку слики како се одвиваше обуката .



LIGABUE CATERING - СУПЕР УСПЕШНО ИНТЕРВЈУ ВО СКОПЈЕ
Најголемата европска Катеринг компанија , е наш нов голем партнер во вработувањата од областа на Угостителството и туризмот.
На 4 и 5 Фебруари , Коузон го реализираше најавеното интервју за вработување на речни бродови преку најголемата Европска Catering Компанија – Ligabue Catering од Лугано Швајцарија . Ова интервју за нас беше од голема важност бидеќи по повеќегодишно преговарање упсеавме да ги донесеме во Македонија. Ова е бенефитот за нас , но за нашите кандидати бенефитот ќе биде уште поголем бидеќи тие ќе работат и ќе добијат Швајцарски работни визи и Швајцарско осигурување ( пензиско и здравствено ) . Секако успехот е надополнет со задоволството што го покажа гостинот од Лугано , Mr.Gerald Kugler кој најави дека во иднина Коузон ќе им биде доминантен партнер за Балканот .

А Интервјуто ни даде можност да вработиме наши апликанти за повеќе работни позиции . Избраните кандидати ќе заминат на некој од бродовите низ Европските држави уште во втората половина на месец Март . Работните договори за оваа компанија се 8 месеци . Платите се во Евра и се на ниво на европските стандардни примања .
Во периодот што следи Коузон ќе понуди и нови компании за вработување во Европа . Аплицирајте , посетете ја нашата презентација за работа на брод во Вторник во 11 часот.
СУПЕР УСПЕШНО ИНТЕРВЈУ СО RCCL во Скопје
Од 25 до 27 Скопје беше центар за вработување за најголемата светска бродска компанија RCL.( Royal Caribbean Cruises Ltd )
www.rccl.com,
www.celebritycruises.com, www.azamaraclubcruises.com
Од Македонија, Бугарија , Србија и Црна Гора се представија 174 апликанти , кандидати за различни работни позиции. Задовоството беше големо кај сите нив бидеќи скоро сите до еден го добија она за што аплицираа но имаше и супер изненадувања со добивање на повисоки работни позиции.
И ние како Агенција но и нашите апликанти бевме воодушевени од Манаџерот за вработување нa RCCL која даде се од себе интервјуто за сите нас биде задоволство . Избраните кандидати се веќе одобрени и ставени на листа за повлекување за периодот што следи . Еден добар дел од нив ќе заминат на некој од бродовите на компанијта многу скоро уште во текот на фебруари.
За одобрените позиции за работа во Casino , Коузон многу скоро ќе организира table test во Скопје. И ова интервју докажа дека Коузон со право е регионален лидер за вработување на бродските компании .
Следните интервјуа за оваа компанија ќе бидат со ист интензитет како и минатат година , скоро секоја недела ќе има Skype интервју а веќе за крајот на март е најавено повторно големо регионално интервју во Скопје .
Каде ќе пловите вие ? Бродовите на нашите партнери се секогаш отворени за нови вработувања. Аплицирајте !!!
Нов договор на Коузон со Star Cruises , Продолжување на успешната соработка која трае веќе 8 години

Oasis Rocks!
MIAMI, – Royal Caribbean International rocked the world with an
unprecedented launch of their newest ship, Oasis of the Seas. Megastar Rihanna kicked off the
unveiling of the world’s largest and most revolutionary cruise ship on Thursday, Nov. 19, with a private concert before ABC’s “Good Morning America” woke up the nation with the first inside
look at the seven neighborhoods and many spectacular features onboard Oasis of the Seas.
Preview sailings for international media continue throughout the coming weeks, with an
explosion of worldwide coverage expected.

Pictured: Rihanna is greeted by Richard Fain, chairman and CEO, Royal Caribbean Cruises
Ltd.(left) and Adam Goldstein, president and CEO, Royal Caribbean International (right), in
Central Park, one of the seven signature neighborhoods onboard Oasis of the Seas.

25 ЈАНУАРИ 2010 ГОЛЕМО ИНТЕРВЈУ ВО СКОПЈЕ ЗА ROYAL CARIBBEAN CRUISE LINE

Втората половина на Јануари ќе биде првото големо интервју за нас и тоа за нашиот најголем партнер за вработувања на Cruises Компаниите .
Први во Скопје ќе допатуваат представниците на Roray Caribbean International кои ќе вработуваат кандидати за Roral Caribbean Cruises Line, Celebrity Cruises and Azamara Cruises
Важно е за ова интервју тоа што ќе биде централно за неколку Балкански држави и ќе има позиции за сите можни кандидати .Сепктарот на позициите е извонредно голем и има од се што можеме ние да обезбедиме квалификувани кандидати .
Од Компанијата побараа од нас да селектираме и им презентираме вкупно 266 кандидати и тоа за следниве позиции :
- Assistant Waiter
- Bar Supervisor
- Bartender
- Bar server
- Wine Tender
- 3rt Purser – Guest Relation
- Casino Dealer
- Slot Technitian
- Disc Jockey
- Light Technitian
- Lounge Technitian
- Sound Technitian
- Stage Staff
- Youth Staff
- International Ambassador
- Ass. Executive Housekeeper
- Deck Supervisor
- Tailor
- Stateroom Attendant
- Pool Attendant
- Room Service Attendent
- Café Attendent
- Culinary Position ( ALL )
- Provision Position ( ALL )
- FM Cleaner ( All Position )
За да бидете и вие дел од оваа голема интернационална компанија , треба да се појавите на една oд нашите презентации (секој вторник во новите простории на Коузон ) , да поминете прелиминарно интервју , да посетите една од нашите специјализирани обуки и секако да се појавите на главното интервју со представниците на компанијата . Ние само може да Ве охрабриме. Коузон ќе ги исполни Вашите очекувања .
ИНТЕНЗИВНА АКТИВНОСТ И НА КРАЈОТ ОД ГОДИНАВА
Со особено задоволство можеме да констатираме дека се до крајот на оваа упсешна 2009 година ќе имаме полни раце работа.
Во тек се интервјуа со MSC за позиции во Gift Shop . Овие интервјуа траат веќе еден месец . На барање на компанијата ние обезбедивме повеќе кандидати од предходно пријавените , така што бројот на примени кандидати на крајот ќе биде сигурно двојно поголем од првично договорениот.
Горди сме на оваа соработка со MSC бидеќи е прв пат да се вработуваат Македонци на оваа најголема Европска Cruises Компанија .
За нашиот најголем партнер во вработувањата во бродската индустрија , воедно и најголема светска Cruises Компанија , Royal Caribbean Cruises Line ќе имаме интервјуа заклучно со 23 декември .
Представниците од RCCL имаат полна доверба во нас и секогаш прво нас не контактираат за сите нивни потреби од нов кадар за вработување.
Ве потсетуваме дека кон крајот на Јануари во Скопје ќе организираме големо интервју за вработување за оваа бродска компанија , како централен настан за сите држави од регионов ( Србија , Бугарија и Косово ).
Аплицирањата за сите понуди за вработување на бродските компании се во тек. Услов да се пријавите е да присуствувате на нашата задолжителна презентација , секој вторник од 11 часот во новите канцеларии на Коузон .
Повелетe , бидете дел од светскиот џет сет !!!
ЗАВРШНИЦА НА УСПЕШНАТА СЕЗОНА 2009
Како шлаг на успешната сезона на активни вработувања за бродските комапнии , Коузон и на крајот од оваа година ќе има низа на интервјуа .
Она што е актуелно е продолжување на интервјуата со MSC за позицијата Gift Shop – и тоа се до 11 декември . Успехот е загарантиран од оваа соработка и ќе бидат вработени повеќе од 50 кандидати .
Коузон е активен и на полето на вработувања за најголемата Cruises групацијата на компаниии од Ројал Карибеан ( RCCL , CCL , Azamara, Pullmantour Cruises ) така што се до 15 декември ќе имаме интензивни вработувања со понуда за најразлични позиции . За оваа компанија веќе ни е договорено и интервју за втората половина на Јануари ( во Скопје ) со присуствто на првите луѓе на HRD за вработување. Оваа чест да бидеме домакини на раководството на RCI е голема чест за Коузон и секако само уште еден доказ и признание за нашиот професионален однос и квалитети .
Ве потсетуваме дека секој вторник во новите канцеларии на Коузон има презентација за работа на брод , на која Вие морате да присуствувате како предуслов за Ваше аплицирање за вработување на некоја од нашите партнерски бродски компании .
НЕДЕЛА НА ИНТЕРВЈУА ЗА РАБОТА НА БРОД
16-20.Ноември
MSC – GIFT SHOP
CELEBRITY – SOMMELIERI
Од 16 до 20 Ноември ќе имаме недела на интензивни интервјуа за вработување на две реномирани бродски компании и тоа Celebrity Cruises Line и MSC .
За еден од нашите најголеми пратнери во системот за вработување на бродските компании , Celebrity Cruises Line ќе понудиме 20-тина добри специјалисти за вино.Како и неколку предходни интервјуа и ова ќе биде преку Веб камера директно со регрутерите на компанијата од Мајами .
Веќе една недела покасно од 23 до 27 Ноември ќе имаме повторно интервју за сите позиции од F&B и Hotel Department .
За прв пат во Македонија ќе се организира интервју за работа на една од водечките ( ако не и најдобра ) Европска компанија а тоа е Италијанската MSC Cruises .
Интервјуто овој пат ќе биде само за работни позиции во Duty Free Shop ( Gift Shop assistant ) . Интервјуто е само по себе атрактивно , бидеќи оваа позиција....
ЗАПЛОВИ НАЈГОЛЕМИОТ КРСТОСУВАЧ ВО СВЕТОТ
Турку, 2 ноември (МИА) - Најголемиот крстосувач во светот, кој е петпати поголем од „Титаник“, овој викенд исплови од бродоградилиштето во финското пристаниште Турку и отплови за Америка.
Крстосувачот „Оаза на морето“ (Oasis of the Sea) е висок како зграда од 20 ката, има лизгалиште и голф игралиште, како и амфитеатар на отворено за 750 луѓе.
Вчера околу пладне мина низ теснецот Скагерак и вплови во Атлантикот. Матичното пристаниште ќе му биде Порт Еверглејдс, Флорида, а изграден е за луксузната флота „Ројал Карибиан“. Првите патници ќе можат на пловат со него на 1 декември.
Крстосувачот, вреден 1,5 милијарди долари, а нарачан долго пред економската криза која го зафати свсетот, но сигурно нема сомневање оти ќе има и патници, односно профит.
- Секако, не очекувавме дека ќе заринкаме во ваков тежок економски момент, но без оглед на кризата, многу сме возбудени, рече главниот директор на „Ројал Карибиан“ Адам Голдштајн....
На 8 и 9 септември во Скопје Коузон Вработување го реализираше најавеното големо интервју за вработување на оваа интернационална Cruises компанија .
Во долична атмосфера во новите канцеларии на Коузон Корпорација , Г-ѓата Лорна Ратклиф , * регрутер за RCCL , CCL , Azamara Cruises , разговараше и избра голем број на кандидати од Македонија, Србија и Бугарија.
На ова интервју ние предложивме широк спектар на квалификувани кандидати од најразлични позиции. Избрани за вработување беа бартендери , бар сервери , помошници келнери ( голем број ) , кафе и pool attendant , youth staff позиции , администратори , рецепција и front desk позиции и многу, многу други.
Одличната соработка со оваа водечка Cruises корпорација продолжува и во периодот што следи . Веќе следната недела ќе имаме Skype интервју за IT позиции , International Hostes , Purser, аниматори за спорт и многу други.
За сите Вас кои би биле заинтересирани за вработување на оваа или некоја друга Cruises компанија со која ние работиме , Ве покануваме да аплицирате што е можно поскоро , бидеќи месеците што следат ќе бидат преполни со активности и интервјуа.
Ве очекуваме , повелете да Ве поведеме во светот на Џет сетот.
ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ НА МОРНАРИ – „ По светските мориња – Македонските морнари“.
За таа цел Ве покануваме сите Вас кои сте пловеле , пловите или ќе пловите во иднина , да ни испраќате Ваши фотографии снимени на бродовите , на пристаништата , плажите или градовите што ги посетувате. Секако добредојден ќе биде и мал коментар , ваши интересни случки , доживувања и сл.
Ние ќе изготвиме посебна галерија на слики за секој од Вас и тоа ќе биде достапно за сите идни потенцијални кандидати.
Се надеваме дека оваа иницијатива ќе ја прифатите и ќе соработувате со нас.
Вие сте нашата гордост , Вие сте македонските поморски амбасадори.
Ви посакуваме мирно море , успешен работен договор, унапредување и многу , многу заработени пари – од Тимот на КОУЗОН
Доколку сте работеле на некоја бродска компанија , независно од Вашата работна позиција и работен договор , Ве покануваме да се ПРИЈАВИТЕ за новиот сервис на услуги кои Коузон Вработување ќе го отпочне од Септември.
На барање на наши деловни партнери во Македонија и неколку држави на Европската Унија , Коузон ќе врши селекција , дообука и вработување на работни позиции од угостителството , туризмот и некои услужни дејности .
Нашите партнери искажаа спремност и задоволство тие вработувања да бидат реализирани од искусни интернационалци со работно искуство од Cruises индустријата .
Доколку Вие имате желба и потреба од поквалитетно вработување , секако дека сте добредојдени да се пријавите со Вашето CV и препораки од работата на брод.
Процесот е едноставен , само испратете на zoran@kouzon.com.mk е-маил со бараните документи .
Од вработувањеата во Македонија , најзначајни ќе бидат најавите за отварање на неколку бренд имиња на хотели, казина и ексклузивни ресторани.
Од вработувањата во ЕУ – работни позиции во реномирани туристички центри во зимски и летен период .
Коузон Вработување – Ваш пат кон подобра иднина
ИНТЕНЗИВНА АКТИВНОСТ И НА КРАЈОТ ОД ГОДИНАВА
Со особено задоволство можеме да констатираме дека се до крајот на оваа упсешна 2009 година ќе имаме полни раце работа.
Во тек се интервјуа со MSC за позиции во Gift Shop . Овие интервјуа траат веќе еден месец . На барање на компанијата ние обезбедивме повеќе кандидати од предходно пријавените , така што бројот на примени кандидати на крајот ќе биде сигурно двојно поголем од првично договорениот.
Горди сме на оваа соработка со MSC бидеќи е прв пат да се вработуваат Македонци на оваа најголема Европска Cruises Компанија .
За нашиот најголем партнер во вработувањата во бродската индустрија , воедно и најголема светска Cruises Компанија , Royal Caribbean Cruises Line ќе имаме интервјуа заклучно со 23 декември .
Представниците од RCCL имаат полна доверба во нас и секогаш прво нас не контактираат за сите нивни потреби од нов кадар за вработување.
Ве потсетуваме дека кон крајот на Јануари во Скопје ќе организираме големо интервју за вработување...!
Турку, 2 ноември (МИА) - Најголемиот крстосувач во светот, кој е петпати поголем од „Титаник“, овој викенд исплови од бродоградилиштето во финското пристаниште Турку и отплови за Америка.
Крстосувачот „Оаза на морето“ (Oasis of the Sea) е висок како зграда од 20 ката, има лизгалиште и голф игралиште, како и амфитеатар на отворено за 750 луѓе.
Вчера околу пладне мина низ теснецот Скагерак и вплови во Атлантикот. Матичното пристаниште ќе му биде Порт Еверглејдс, Флорида, а изграден е за луксузната флота „Ројал Карибиан“. Првите патници ќе можат на пловат со него на 1 декември.
Крстосувачот, вреден 1,5 милијарди долари, а нарачан долго пред економската криза која го зафати свсетот, но сигурно нема сомневање оти ќе има и патници, односно профит.
- Секако, не очекувавме дека ќе заринкаме во ваков тежок економски момент, но без оглед на кризата, многу сме возбудени, рече главниот директор на „Ројал Карибиан“ Адам Голдштајн....























