ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА РАБОТА НА БРОД
секој вторник во 11.00 часот

KouzonСекој вторник во салата за презентации на Коузон во новите канцеларии на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 се врши професионална презентација за вработувања на Cruises Компаниите... Читај Повеќе

HOT JOBS - 01 Sep 2011

Assistant Waiter

Head bartender

Bartender female

Bar server

Wine Tender

Cellar Coordinator

Wine tender

Facility Cleaners

Assistant stateroom attendant

Stateroom attendant

Security guards(male and female)

Sommeliers

Youth Staff

International Ambassador

Работни понуди
Општи услови...


  • Royal Caribbean
  • Princess Cruises
  • NCL Cruises

  • Добредојдовте на веб страницата на Коузон

    ВО  СКОПЈЕ НОВА  БАР АКАДЕМИЈА – ROYAL CARIBBEAN CRUISES LINE

    Скопје 16 Октомври 2013

    Во организација на Коузон од 22-26 октомври во Скопје ќе се одржи Бар Академија за кандидати од Европа идни вработени на најголемата бродска Cruises Компанија.
    Во рамките на Тренинг центарот на Коузон во Скопје , веќе две години се реализираат сите активности поврзани со обучување на идните вработени во рестораните и баровите на оваа реномирана бродска компанија.

    И оваа Бар Академија ќе собере кандидати од повеќе Европски држави кои ќе се стекнат со знаења потребни за успешен старт на бродовите на Ројал . И овој тренинг ќе се реалiзира под водство на искусниот бар Менаџер на најголемиот брод на светот *Allure Of The Seas , Г-дин Георги Колев.

    Бар Академијата е уникатен проект на Royal Caribbean Cruises Line а Академијата во Скопје беше прва на светот . Врз основа на успешната реализација на активноста во Македонија , Ројал одлучи да формира вакви Aкадемии на уште 2 дестинации на светот и тоа Филипини и Кина .

    Со почнувањето на тренинг Академијата , ние ќе ги објавиме и првите фотографии од истата .
    Се надеваме дека оваа вест може да побуди интерес и кај нови апликанти кои би сакале да аплицираат за рабоата на брод и тоа за работа во Бар департмент . За повеќе информации испратете е-маил на info@kouzon.com.mk

    KOUZON CROATIA – Нова канцеларија и нови активности

    Скопје 05 Октомври 2013

    Коузон ја прошири својата активност на уште една држава од бившата ( ни ) YU .
    По „ освојувањето „ на Хрватска , сега не има во сите држави на Балканов.

    Отварањето на Коузон Хрватска е со основна цел  да бидеме лидери и таму во се она што го работиме (  Студентски програми и секако работа на брод.)
    Во Хрватска има сериозна традиција за W&T USA програмата  ,  но и извонредно голема заинтересираност за работа на брод .

    Официјалното отварање на нашата работа во Хрватска се реализира на 2 Октомври.
    Локацијата е во центарот на Загреб на ул. Анреја Хебранг 22. ( на само 100 метри од Плоштадот на Бан Јелачиќ и Цветниот пазар )



    Колегите од оваа канцеларија се спремни и мотивирани да го презентираат брендот на Коузон пред сите заинтересирани за летна студентска работа во САД и пред младите професионалци за работа на брод.

    Првата планирана активност е посета на сите Универзитети во Хрватска и постигнување на договори за презентација на W&T USA програмата .
    Очекуваме за 30-тина дена и да се реализиран првото интервју за работа на брод.
    Работното време на канцеларијата е од 9-17 часот . Официјален е-маил за комуникација е croatia@kouzon.com.mk


    НОВА СЕЗОНА НА ТРЕНИНГ АКАДЕМИИТЕ

    Скопје 22 Септември 2013

    Со почетокот на Есента , почнуваат и нашите активности поврзани со Тренинг Акедемиите во Македонија .

    Коузон како организарот  и пред се домаќин , од 23-27 Септември ќе ја органзира R.O.T.C – Академијата за обука на асистенти келнери за Royal Caribbean Cruises Line .

    Кандидати  од сите Балкански држави во текот на овие 5 дена , преку  предавањата на искусниот Ресторан Менаџер , Г-дин Каталин Бута , ќе се стекнат со знаења и компетенции потребни за успешен старт на нивната кариера на некој од бродовите на Royal Caribbean Cruises Line .



    Како и сите предходни Акедемии , и оваа ќе биде голем бенефит за учесниците но и за нас како домаќини , бидеќи преку организирањето на истата , и ние ( тимот на Коузон ) се докажуваме како вредни и многу професионални организатори.
    Избраните Ass. Waiter-и се кандидати кои веќе поминале интервју со менаџерите на компанијата , добиле работана позиција и се на листа за заминување на брод во наредниов период .

    Што е потребно да се учествува на една ваква Акедемија ?
    Едноставно , треба да се аплицира во Коузон , да имате работно искуство од работа во Ресторан , да зборувате Англсики и уште еден Европски јазик ( п.р Италијански , Германски , Француски или Шпански , бидеќи ова е услов за да бидете селектирани ) да поминете интервју со менаџерите за вработување од компанијата и ....... ќе бидете поканети да ја посетите и завршите оваа тренинг Академија во Скопје .
    Коузон подготвува интервју за Royal Caribbean & Celebrity Cruises , кон крајот на Октомври .

    Сите позиции се достапни , повелете аплицирајте
    Во месец Октомври . ќе ја органзираме Академијата за работни позиции во Бар ( Beverage Operation Training Center – Macedonia )

    PRINCESS CRUISES AND KOUZON INTERVIEW in BELGRAD

    Белград 9-12 Јули 2013

    Од 9 до 12 Јули во Белград  , Коузон ќе организира тренинг и интервју за Princess Cruises.Ова Балканско интервју и овој пат ќе собере кандидати од Бугарија, Србија , Црна Гора , Хрватска и Босна и Херцеговина.



    Ние како организатори и реализатори ( поточно како Hiring Partner for Princess Cruises ) на менаџерите од оваа бродска компанија ќе им понудиме 100-тина избрани кандидати и тоа за повеќе работни позиции.

    Специфика на оваа наша активност е Pre-employment training-oт кој е наша обврска да го реализираме и да ги подготвиме кандидатите со сето знаење и умеење да се представат на интервјуто кое ќе биде на 12 Јули .

    Очекувањата како и секогаш се да имаме одлична проодност ( над 90 % ) од предложените кандидати и секако многу брзо нивно заминување на некој од бродовите на Princess Cruises  .

    НОВ ПРОЕКТ - БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

    Скопје – Јули 2013

    Новите текови  во Cruises индустријата бараат од нас да се прилагодуваме и организираме за успешни вработувања .

    Изминатава година скоро сите бродски Cruises Компании , за сите позиции кои се поврзани со контакт со гости , бараат да  регрутираме кандидати кои зборуваат најмалку два светски јазици.

    Познавањето на Англискиот јазик не е повеќе предност ( бидеќи се подразбира дека секој треба да го зборува , доколку сака да работи на Брод ) така што сега се бараат Италијанскиот , Германскиот , Францускиот , Шпанскиот и Португалскиот .
    Сите овие јазици се основа за да аплицирате за некоја од т.н front of the house позиции ( ресторан , бар , рецепција , одржување на соби и сл . ) .
    За да можеме да Ви  помогнеме да научите еден од овие јазици , Коузон покрена иницијатива за воведување на бесплатни курсеви за сите наши апликанти .

    Како ќе функционира овој систем ?
    Едноставно Вие треба да бидете активен апликант на Коузон , да имате  аплицирано , поминато презентација , поминато прелиминарно интервју , да сте одобрени за одредена позиција ( од горенаведените ) и тогаш Коузон ќе Ви понуди содржини за учење на еден од гореспоменатите странски јазици.

    Вие сте тие кои избирате кој јазик ќе го учите .
    Колегите од Коузон Образование – ќе ви помогнат во учењето и низ практичен говор ке се стекнете со самодоверба да го зборувате јазикот што сте го избрале да го учите .
    Што треба да направите доколку сеуште не сте апликант на Коузон ?
    Треба да дојдете на една од нашите презентации , да аплицирате и да ги следите нашите инструкции . Се друго е едноставно . Професионалниот тим на Коузон ќе Ве води низ процесот

    За сите прашања што би ги имале према нас , слободно испратете е-маил на info@kouzon.com.mk


    КОУЗОН – ЦРНА ГОРА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ИНТЕРВЈУ

    Тиват , 23 Јуни 2013

    Активноста на Коузон во Црна Гора ( иако е сезона и плажите се полни со туристи ) незнае за пауза и годишен одмор.

    На 23 Јуни , во Тиват реализиравме презентација и прелиминарно интервју за голема група на кандидати од оваа  Држава .

    Интересот од ден на ден е се поголем а ние сне задоволни и од квалитетот на апликантите.

    На ова интервју се представија 53 кандидати , од кои со сигурност најголем дел ќе имаат можност многу скоро да се сретнат со менаџерите од некоја Cruises компанија и да добијат вработување.

    Она на што посебно не радува е фактот што на 29-30 Јуни , повторно во Тиват ќе имаме активност во која ќе бидат вклучени најмалку 40-тина  кандидати.
    Еве неколку фотографии од последната презентација во Тиват


    MSC Cruises  CASINO – интервју во Дубровник на 21-22 јуни 2013

    Скопје 18 Јуни 2013

    Коузон – како лидер за вработувања во Cruises индустријата , го потврди својот примат во оваа свера со новиот договор за Hiring Partner  и со најдобрата Европска Cruises Компанија – MSC Cruises.

    На 21 и 22 Јуни , во Дубровник , на бродовите MSC Divina & MCS Fantasia , во присуство на главните менаџери од оваа компанија , Коузон ги презентира своите кандидати за вработување на позиции во Casino .



    Овој пат имавме кандидати од Македонија, Црна Гора, Србија , Босна и Херцеговина и Хрватска и тоа за позици како , DEALER , Cashier , Slot tech.

    Избраните кандидати  покажаа извонредно знаење и според оценката на Менаџерите на MSC Cruises со сигурност ќе имаат блескава кариера на оваа компанија.
    Фотографиите коис ледат можат да послужат како доказ за атмосферата што се разви за време на интервјуто и мотивот да се добие место за работа кој беше повеќе од очигледен кај сите кандидати

    Во периодов што следи , Коузон ќе органзира уште неколку вакви интервју за MSC Cruises . Може да се аплицира за Casino , Photo and Duty Free Shops Department

    MSC Cruises  CASINO – интервју во Дубровник на 21-22 јуни 2013

    Скопје 18 Јуни 2013

    Коузон како партнер на најдобрата Европска Cruises Компанија MSC Cruises  , организира големо интервју за работни позиции во Казино Департмент .

    Интервјуто ќе се одржи на 21-22 Јуни во Дубровник и тоа на 21 Јуни на бродот MSC DIVINA , а на 22 Јуни нашите кандидати ќе имаат интервју на MSC Fantasia .
    И двете интервјуа ќе бидат  проследени со Table Test и резултатите од интервјуто ќе бидат познати истиот ден .



    Ова интервју е за кандидати од Македонија , Бугарија , Србија , Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија , т.е од сите овие Држави имаме кандидати кои Коузон ќе ги представи пред Casino менаџерите на MSC CRUISES.

    Како партнер на ова престижна бродска компанија , имаме предвидени активности и во месеците што следат . Можеме со сигурност да Ви понудиме и други интервјуа  доколку аплицирате во периодов што следи .

    Повелете , вратите на Коузон се секогаш отворени за нови апликанти !!!

    Ве покануваме веднаш да аплицирате .

    БАР  АКАДЕМИЈА – МАКЕДОНИЈА

    Скопје 04 Јуни 2013

    Во организација Коузон  на 4 Јуни во тренинг центарот во Скопје успешно стартуваше  Првата Бар Акедемија за 2013  за Royal Caribbean Cruises Line  .

    На оваа Акедемија  учество зедоа  кандидати ( идни вработени на оваа бродска компанија ) од Португалија, Турција , Албанија , Македонија , Бугарија , Србија и  Босна и Херцеговина кои  под водство на Г-дин Георги Колев - Бар менаџер од Allure of The Seas ( најголемиот брод на светот ) ќе се обидат да стекнат знаења и вештини кои ќе им бидат потребни за успешен старт на нивната идна кариера на оваа бордска компанија.

    Како и сите предходни Академии , така и оваа , представува голем мотив за учесниците и големо задоволство за нас како организатори и домаќини . Мотивот што го имаат идните морнари , ентузијазмот да се биде најдобар во практичните активности од обуката , ни даваат право да кажеме дека нашиот избор и селекција на овие кандидати е навистина најдобар . Впрочем , тоа Коузон го покажува и докажува веќе подолг период како бр. 1 Агенција за вработување на лица за Cruises индустријата .

    Сликите кои следат се направени на првиот ден од обуката .

     

    Ќе следат уште неколку вакви обуки до крајот на годината .
    Можност да се аплицира за работа во Бар департмент секогаш постои . На вас останува да аплицирате и да бидете дел од некоја следна Бар Академија во Македонија .

    R.O.T.C – Macedonia  ТРЕНИНГ АКАДЕМИЈА  ВО СКОПЈЕ

    Скопје 5 /1 4 / 2013

    Од 13-17 Мај , во Скопје се одржува третата по ред R.O.T.C  Академија за најдобрата бродска Cruises Компанија на светот , Royal Caribbean Cruises Line .

    Под водство на искусниот Ресторан Менаџер , Дани Лепур тренингот  се одвива според новата програма за обука која е во склад со промените кои се настанати во системот на работа и новите мениа на оваа бродска компанија .

    Овојпат имаме кандидати од Украина , Романија , Чешка, Хрватска, Босна и Херцеговина , Србија, Бугарија , Албанија, Македонија и Маурициус  ќе се стекнат со знаења и квалификации за работа во рестораните и веднаш по тренингот ќе заминат на некој од бродовите на Royal.

    Како и секој тренинг , така и овој се одвива во позитивна атмосфера и голема мотивираност на сите учесници . Обуката завршува во петок на 17 Мај со традиционалното доделување на Дипломи и коктел забава .
    За нас како организатори ( и пред се како домаќини ) представува чест и задоволство да бидеме носители на овој уникатен проект преку кој сите гости ( учесници на Академијата ) ја запознаваат Македонија и нашата гостопримливост .

    Следната Академија ќе биде Септември . Има доволно време Вие да аплицирате , да поминете интервју со нас и да бидете дел од неа. Аплицирајте !!!

    Very important information for all new Hires C/M for Royal Caribbean International

    Skopje 5 / 4 / 2013

    From May 1, 2013 all new hire crew must receive the MMR vaccination from a public health agency or certified medical practitioner prior to joining any ship. (The MMR vaccine is an immunization vaccine against measles, mumps, and rubella (also called German measles).

    In the event that any new hire crew member arrives without proof of MMR vaccination he/she will need to obtain the vaccine at the next port. Crew members who were told of this requirement prior to joining and still refuse the vaccine will be repatriated at their own expense. 

    For more info please send us e-mail on info@kouzon.com.mk

    ЗАВРШИ НАЈГОЛЕМОТО БАЛКАНСКО ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА НА БРОД

    Скопје 5 Април 2013

    Во период  3 дена од 4-6 Април во Скопје се одржа досега најбројното интервјуз а вработување на некоја бродска компанија. Коузон беше домаќин на 307 кандидати од Македонија , Албанија, Црна Гора, Србија , Бугарија, Хрватска и Словенија . ( со еден збор Балканот во мало ) .



    Целта на сите учесници беше да се изборат за работна позиција на двете најдобри светски Cruises Компании  и тоа Royal Caribbean Cruises Line & Celebrity Cruises .
    Работните позиции за кои младите од регионов  аплицираа беа разновидни и тоа од позиции во ресторан , во бар, во одржување на соби, рецепција и сл...
    Проодноста и на ова интервју беше 93 % што е највисок процент на одобрени апликанти во целиот систем на регрутација на оваа бродска компанија .Тоа само  потврдува дека системот на организација и подготовка на нашите апликанти е „ рецепт “ за успех .

    Ако на бројката од 307 учесници на интервјуто во Скопје , ја додадеме и бројката од 89 апликанти кои ги имавме на интервјуто во Истанбул , секако ќе дојдеме до извонредна бројка од 396 апликанти кои Коузон ги понуди за вработување што досега не се случило со ниту една друга Агенција на светот . Овој наш успех е далеку поголем ако се има во предвид дека на крајот на јануари   имавме интервју на кое беа исто така вработени околу 210 кандидати .

    Интервјуо заврши но за нас „ борбата “ да најдеме и предложиме нови кандидати за следните интервјуа продолжува.

    Според календарот на активности , следното интервју за оваа бродска компанија ќе биде во втората половина на Јуни . Ако и вие сакате да бидете  дел од  „ индустрија “

    Ве покануваме веднаш да аплицирате .

    УСПЕШНО ЗАВРШЕНА УШТЕ ЕДНА ТРЕНИНГ АКАДЕМИЈА ЗА ROTC – MACEDONIA

    Скопје 5 Април 2013

    Денес , со церемонија на доделување на дипломи заврши втората по ред овогодишна Академија за обука на кадри за работа на најголемата  на светот Cruises бродска компанија .

    Овој пат на тренингот за Royal Caribbean Cruises Line , учествуваа 7 националности од Европа .

    Под водство на г-дин Каталин Бута , ( кој е ресторан менаџер на еден од најголемите бродови на светот OASIS OF THE SEAS ) сите учесници покажаа огромна желба и интерес за постигнување на извонредни резултати на бродовите на оваа реномирана компанија.


    Ние ( Коузон ) како организатори на оваа Академија , и овој пат го покажавме и докажавме нашето традиционално гостопримство ( пред се за учесниците од другите држави ) и им помогнавме пријатно да се чувствуваат во Скопје и Македонија .
    По оваа Академија , продолжуваме со тековните активности , селектираме и вработуваме нови кандиати кои ќе треба да се појават на некоја од следните Академии , кои годинава за Royal ќе ги има 7 на број .

    Повелете Аплицирајте , вратите на Коузон се секогаш отворени за вас !!!



    HOT POSITION – URGENT

    Photographer      - Advanced English + Advanced French are required. Experience as professional photographer.

    Casino Host/ess -   Advanced English + Advanced Spanish are required. Need to have some experience working in Casino before.

    Nurse - Advanced French + Advanced English are required. Experience as a Nurse, specially with urgency and emergency.

    Climber  - Intermediate Spanish + Intermediate English are required. Experience with Climbing.

    International Host/ess -  Advanced French + Advanced Italian + Intermediate Portuguese (this third language is optional). Experience with Customer Services is required.  Urgent embarkation: for April, 2013.

    Gift Shop Attendant - Advanced English + Advanced Spanish are required. Experience with Sales is required. Urgent embarkation in April, 2013.

    Printer -  Advanced English + Native/Advanced French are required. Previous experience with Photoshop, Illustrator and Layout.

    Assistant Purser  -  Advanced English + Advanced Spanish.  Experience in Customer Services is required.

    Cooks  - Advanced English + culinary course are required. We need  1st Cook, 2nd Cook, 3rd Cook and Specialty (Butcher, Pastry, Baker)

    АПРИЛ – МЕСЕЦ НА ГОЛЕМИ ИНТЕРВЈУА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Скопје , 20 Март 2013


    Со доаѓањето на пролетта , доаѓаат и новите РАБОТНИ ПОНУДИ  за работа на брод
    Со посебно задоволство информираме дека во Април месец  Коузон ќе биде домаќин на повеќе интервју и обуки за работа на брод и тоа :

    1. Royal Caribbean Cruises Line & Celebrity Cruises – Интервју во Истанбул
      ( Турција ) на 2 Април . Очекуван број наапликанти 150
    2. Royal Caribbean Cruises Line & Celebrity Cruises – Интервју во Скопје за сите балкански држави ( од Вардар до Триглав + Албанија , Бугарија , Грција ) – Очекуван број на учесници на интервјуто 250
    3. Pullmantur Cruises – интервју во Скопје 6 Април – очекуван број на апликанти 50
    4. Princess Cruises – Интервју во Белград – ( Балканско интервју ) очекуван број на аплиакнти 120
    5. Norwegian Cruises Line – Интервју во Скопје 29 Април – очекуван број на апликанти 120 .
    6. Restaurant Operation Training Center – Macedonia – тренинг за Royal Caribbean Cruises Line – очекуван број на учесници од сите Европски држави 32 .
    7. Beverage Training Academy – Macedonia , for  Royal Caribbean Cruises Line , обука за бар департмент – очеуван број на учесници од цела Европа – 32
    8. Celebrity Service Academy – Macedonia , for Celebrity Cruises – тренинг Академија за Celebrity Cruises – учесници од цела Европа ,очекуван број 32 .
    9. MSC Cruises – Casino department – Интервју во Дубровник, очекуван број на учесници 40

    Ова е она што е планирано и договорено .
    Места за аплицирање сеуште има . Дали сте спремни за аплицирање и за работа на брод ? Ве очекуваме .

    УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ТРЕНИНГ АКАДЕМИЈАТА ЗА CELEBRITY CRUISES

    Скопје , 8 Март 2013

     


    Денес со церемонија на доделување на дипломите , заврши Celebrity Cruises Academy – Macedonia , првата овогодишна сесија . Низ теоретскиот и практичниот дел на Акедемијата поминаа 32 кандидати од седум држави .( Италија , Грција, Бугарија , Србија, Хрватска , Македонија , Турција )
    Спремни и мотивирани , сите тие многу скоро ќе им се придружат на колегите на бродовите на оваа најреномирана бродска компанија.

    Тренинг Академијата  е уникатен проект на Celebrity Cruises и Коузон Корпорација кој е организиран да им помогне на сите нововработени кандидати од цела Европа , да се стекнат со „ ударни “ знаења и да имаат успешен старт и брилијантна кариера .

    Нескриено беше задоволството на сите учесници , на последниот ден од Академијата и големата радост со стекнатото знаење. Сите тие спремни уште од утре ќе бидат новата сила на Celebrity Cruises .
    Само што заврши оваа Акедемија , ние се спремаме за новата која ќе биде во втората половина на Април .

    Ако некој од Вас има идеја да плови по светските мориња и океани , да биде дел од светскиот џет сет , да заработи и да создаде брилијантна кариера во областа на врвниот туризам, патот до сето ова е многу едноставен. Аплицирајте во Коузон. Фотографиите од галеријата нека Ви бидат мотив повеќе да бидете и вие дел од следната Академија .

    ПОЧНА ПРВАТА CELEBRITY SERVIS ACADEMY – ВО 2013 ГОДИНА

    Скопје 4 Март 2013

     


    Со учество на 32 идни „ морнари “ од 7 држави ( Македонија, Турција, Србија, Грција, Италија, Бугарија и Хрватска ) во Скопје почна првата овогодишна Celebrity Service  Academy .

    Низ 5-дневнот тренинг под водство на г-дин Анте Шарлија (Traveling Restaurant Manager for Celebrity Cruises ) нашите учесници ќе се стекнат со сите знаења потребни за успешен старт на својата кариера на бродовите на оваа врвна бродска компанија.
    За оваа година пртедвидени се 6 тренинг академии со учество над 200 кандидати од цела Европа .

    Учеството на сите учесници е бесплатно , такашто кандидатите покрај обуката добиваат бесплатно сместување , храна , платени се сите патни трошоци до Скопје и од Скопје до нивните домови ...... Едноставно се е организирано на најдобар професионален начин.

    Ние како домаќини на оваа активност со гордост ја покажуваме нашата традиционална гостопримливост спрема сите гости од странство.
    Следната Акедемија ке биде во Април .

    Доколку сте Вие желни за нов предизвик во Вашиот живот Ве покануваме да аплицирате за работа на брод преку Коузон .
    Следното интервју за оваа бродска компанија е предвидено за крајот на Март .
    Еве неколку фотографии од првиот ден на Академијата

    • Butler (Head Butler) and Sommelier for Celebrity Cruises.

    • Housekeeping Administrative Assistant - Solid experience, well spoken English. Advanced Microsoft office skills. Typing. Hotel or Housekeeping experience preferred

    • Casino Dealer – Experience and Key European languages - Italian, German and French, and or Asian languages. - Is Requirement. If you have more candidates with languages please present. Dice dealers are needed for RCI and Celebrity.

    • Casino Slot Technician - Experience is required

    • CRUISE PROGRAM – Technical Position – Video, Sound, Stage, Light Technician Knowledge and experience

    • Cruise Program – Rigging Specialist - Must have 3 years or more professional theater experience as technical staff in different positions; automated rigging systems; must have experience in repairing and maintaining of rigging systems, including motors, limit switches, inverters and control systems. Flying people experience preferred.

    • Cruise Program – Cruise Program Administrator - Must: At least 2-3 yeas Administration experience; event planning experience; computer skills at least 50-60wpm. Preferred: Budget experience.

    • Digital Content & ITV Specialist - Must: 3 or more year’s production experience, including graphics creation and operation, and program scheduling. Ability to o Windows and Apple computer Systems; strong skills in graphics programs such as Photoshop, After Affects, Illustrator and etc. Completion of undergraduate degree in one or more of the following: media arts, broadcasting, video production or graphic design

    • International Ambassador - English and major core languages as Spanish, French, German are required. Other extra language is preferred.

    • Guest Services Officer - High in Hotel (4 to 5 star) Front desk experience and Key European languages - Italian, German and French, and or Asian languages: Japanese, Korean, Mandarin, and Cantonese

    • Public Health & Safety Specialist for Celebrity Cruises - The Public Health and Safety Specialist is responsible for coordinating the execution of the company’s Public Health Program and ensuring the company’s public health standards are met and/or exceeded onboard. The areas included in the scope of the program are composed of , Food Safety, Water Safety (Potable and Recreational water systems), Integrated Pest Management, Outbreak Prevention and Regulatory Compliance.

    • MSC for Casino Department
    Slot tech’s
    Dealers
    Cashiers
    Pit Boss/ Inspector

    • Duty Free Shop’s - Cosmetics Specialist

    УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ТРЕНИНГ АКАДЕМИЈАТА ЗА ROYAL CARIBBEAN CRUISES LINE

    Скопје 15 Фебруари 2013

    Денес заврши првата, овогодишна тренинг Акедемија за бродската CRUISES Компанија Royal Caribbean Cruises Line.

    Сите учесници на Академијата со нескриено задоволство ја искажаа својата благодарност за организирањето на истата и секако се многу свесни за значењето на оваа обука за нивната понатамошна кариера.

    Иако учесниците беа од повеќе националности, нивниот дух беше единствен. Сплотени со мотивот да научат, да бидат голем ТИМ, да осознаат се што може да им користи за успешен старт на некој од бродовите на компанијата, тие се покажаа и ни докажаа дека навистина се надежна група.

    За нас како органзиратори, и оваа Акедемија беше уште едно големо искуство и секако голем успех како лидерска Компанија која вработува кадри во оваа индустрија.
    Но, тоа што Академијата заврши денес не ни дава право да се опуштиме. Не чекаат уште многу вакви Академии оваа година. Следната е за Celebrity Cruises на почетокот на месец Март, потоа во Април следуваат два големи настани и тоа Академија за Ресторан департмент, и само по една недела пауза - Акедемија за бар департмент.

    Процесот на аплицирање е то тек, па можеби и некој од Вас (кои сеуште не сте аплицирале или на кои досега не ви се родила желба за работа на брод) сепак ќе добие мотивација да биде Морнар и да плови и заработува по светските мориња и океани.

    Упсешен старт на тренинг Акедемијата за Royal Calibbean Cruises Line

    Скопје 11 Фебруари 2013

    Од денес 11 фебруари во Скопје започна првата ROTC Акедемија за 2013 за најголемата светска бродска компанија Royal Caribbean Cruises Line .

    На петдневната обука 27 представници од Мауритциус, Турција, Бугарија, Грција , Македонија, Србија , Хрватска , Романија и Италија ќе се обидат да стекнат знаење и да бидат најдобри во работата во рестораните на оваа бродска компанија.

    Задоволство ни е да потенцираме дека Коузон како носител на оваа активност за Европа е извонреден домаќин и сите гости од другите држави со нескриено воодушевување го поздравуваат нашето гостопримство.

    Фотографиите кои следат се од денешниот прв работен ден.

    РЕАЛИЗИРАНО ПРВОТО ГОЛЕМО ИНТЕРВЈУ ВО 2013 ГОДИНА

    Скопје 30-31 Јануари 2013

    Како што најавивме , така и реализиравме .Коузон  и  Royal Caribbean Cruises LTD во Скопје го органзираа и реалзираа првото интервју во 2013 година .
    За време на интервјуто ( во двата дена ) поминаа и вработени беа 128 кандидати од Македонија,Албанија, Црна Гора , Босна и Херцеговина , Србија и Бугарија .
    И ова Балканско интервју , како и сите предходни беше успешно за сите кандидати кои се појавија и представија . Само неколку од нив среќата ќе ја бараат следниот пат .

    Ова интервју е само едно од неколкуте кои ќе се реалзираат во наредните неколку месеци .
    Веќе е договорено следното интервју во првата половина на Март а потоа следното интервју ќе биде во Април.

    Резултатите и квалитетот на кандидатите кои ги презентираме пред оваа бродска компанија ни даваат за право да кажеме дека и натаму сне Агенција бр. 1 во цела Европа .
    Ако и Вие имате желба за работа на престижна компанија , со можност за градење на кариера , Коузон Ви стои на располагање .

    Повелете аплицирајте .

    OPEN POSITION FOR ROYAL CARIBBEAN CRUISES LINE

    We are  looking for

    1. Guest Service Officer  - German, Japanese
    2. EXPLORATIONS  STAFF -  Italian, French
    3. SHORE EXCURSION STAFF - requires 2 languages
    4. Casino Dealers - Italian, German, French
    5.  Casino Dealers with Dice - English only
    6. Slot Technicians – English only
    7. Group Coordinator  $1,770.00

    Please send me resumes for review ( zoran@kouzon.com.mk )

    ПОДГОТОВКИ ЗА 2013 – СТАРТ 15 ЈАНУАРИ

    Годинава која полека ја оставаме зад нас , ја оценуваме како една од најуспешните во процесот на вработување за големите Cruises Компании.

    Се што предвидовме – РЕАЛИЗИРАВМЕ
    Со сите наши партнерски компании со кои работиме -  имавме интервјуа за вработување на брод  во Скопје , Истанбул , Анталија, Белград , Софија .

    Истата денамика ќе продолжи и во 2013 година.
    За да нема голем прекин , ( од ноемвриските активности за врботување ) ние стартуваме во ЈАНУАРИ 2013 година .
    Првото интервју веќе е закажано , тоа ќе биде Royal Caribbean International

    Во Скопје на 31 Јануари ќе се органзира регионално интервју за најпрестижните бродски компании , Royal Caribbean Cruises Line , Celebrity Cruises and Azamara Club Bruises .

    По ова интервју ќе следат , Pullmantur Cruises, NCL, MCS , Princess ( во Србија и Бугарија ) , Star Cruises …………


    ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ПРВОТО ИНТЕРВЈУ?

    Треба да аплицирате најкасно до 15 декември.

    Треба да се потрудите да научите еден од Европските јазици ( Инатлијански , Германски , Шкански или Француски ) кои сите компании ги бараат како дополнителни квалификации покрај одличното познавање на Англискиот .

    Треба да одделите време ( по 1 час во текот на денот )  и да се посветите на учење на термини од hospitality индустријата

    ТРЕБА ДА САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ НА БРОД  !!!

    Се друго е наше , Коузон секако ќе Ви помогне да ја остварите Вашата желба да патувате и да заработите .
    Ве очекуваме .

    CSA – Macedonia , УСПЕШНО ЗАВРШЕНА 8-мата  АКАДЕМИЈА

    Последната овогодишна Celebrity Service Academy – Macedonia , беше упешно завршена на 9 Ноември.

    Со учество на 30 кандидати –од 7 држави , оваа Академија беше најбројна во 2012 година.

    Низ 5 дневниот трениг , сите учесници се запознаа со тајните на „занаетот “ – и се подготвија за големиот предизвик да бидат најдобри работници на Celebrity Cruises .
    За нас како организатори , важно беше да бидеме извонредни домаќини на сите учесници кои со доаѓањето во Скопје воедно ја запознаваат и нашата гостопримливост . ( а имаше гости од  Турција, Романија, Белорусија , Украина , Русија , Бугарија  и  Србија )
    Сликите кои следат ќе Ви ја доловат позитивната атмосфера од оваа Акедемија.

    Следната сезона ја започнуваме во март.

    За 2013 година предвидени се 8 Акедемии за Celebrity Cruise I 7  R.O.T.C – Macedonia for Royal Caribbean Cruises Line  .

    За да учествувате на овие Акедемии , секако треба да бидете дел од првото интервју кое ќе го имаме во втората половина на месец Јануари
    Ве очекуваме да аплицирате !

    НОЕМВРИ 2012 – МЕСЕЦ НА МНОГУ АКТИВНОСТИ

    NORWEGIAN CRUISES LINE  - Во Скопје

    На 1 и 2 Ноември во Скопје ќе се одржи регионално интервју за NCL .
    Овој наш долгогодишен партнер , за кој како Агенција за посредување при вработување , работиме од 2000 година , не удостои со регионално интервју за повеќе работни позиции.



    Во двата дена од интервјуто ние ќе ги представиме кандидатите од регионов ( од Македонија , Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија ) .

    Очекуваме сите избрани и селектирани кандидати да го поминат интервјуто а еден добар дел од избраните веднаш до крајот на Ноември да заминат на работа на некој од извонредните бродови на NCL.

    CSA ACADEMY -  по 6 пати оваа година
    5 – 9
    Ноември , Скопје Македонија

    Celebrity Service Academy – Macedonia, по 6-ти пат годинава ќе се реалзиира во Скопје.



    Овој пат бројот на селектираните кандидати кои ќе учествуваат е најголем . Но не и само тоа што ќе биде најбројна ,оваа група  ќе биде и со најмногу националности . Дури 12 националности ќе бидат застапени на оваа CSA- Macedonia. Ќе имаме кандидати од Западна и Источна Европа ( но сепак најмногу ќе бидат оние кои аплицирале преку Коузон ) .

    Големо задоволство е да најавиме дека овој пат гостин во Скопје ќе биде Mr. Scott Steenrod - Vice President, Food and Beverage Operations at Celebrity Cruises .
    Со неговото доаѓање во Скопје се заокружува нашата  успешна активност во 2012 и се подготвува терен за следната 2013 година .

    Коузон како лидер во Европа ја доби  и ја оправда довербата што челните луѓе на Royal Caribbean International ни ја дадоа.
    Следен чекор за 2013 година е проширување на тренинг програмите и повеќе групи за обука во Скопје .

    2013 нека биде година во која сите Вие што не сте го нашле патот до светските мориња и океани ,ќе аплицирате и ќе бидете дел од светскиот џет сет .

    БАР АКАДЕМИЈА – Успешно реализирана првата Академија

    20 Октомври , 2012

    По сите успеси кои ги постигнавме оваа година , за нас еден од најважните во 2012 ќе остане упехот со организирањето на првата БАР АКАДЕМИЈА за Royal Caribbean Cruises Line .

    Во Скопје од 16-20 Октомври , Коузон ја организираше првата на светот Бар Акедемија за кандидати од Источна Европа .

    На 5 дневниот на тренингот се собра елитата од новоизбрани кандидати од 6 држави од Источна Европа . Под водство на Г-ѓа Наоми Калаире-Хатема ( Манаџер за Бар на цела флота на Royal Caribbean ) и г-дин Ѓорги Колев – Бар менаџер на Allure Of the Seas , новоизбраните Бар сервери и бар тендери , се стекнаа со дополнителни знаења според стандардите на компанијата .




    На крајот од Академија , сите едногласно и со огромно задоволство констатираа , дека оваа Академија е иднината на вработувањата во Бар депертмент за Royal Caribbean Cruises Line .

    Следуваат нови интервјуа , нови можности , нови академии , нови перспективи за огромен број млади од регионов. Каде сте Вие и каде се Вашите идеи. Ако се поврзани со работа на брод , Ве покануваме да аплицирате .

    НАЈАВА – 2013

    Првото интервју во 2013 година – го најавуваме во втората половина на Јануари.
    Ако сте кандидат за работа во ресторан, Бар или Хотел департмент , аплицирајте уште сега .
    Ни требаат исклучиво лица кои зборуваат Англиски + Италијански , Германски , Шпански или Француски јазик.
    Имате доволно време да научите некој од овие Европски јазици и веднаш да заминете на брод за најголемата и најдобра 
    Cruises Компанија на светот – Royal Caribbean Cruises Line @ Celebrity Cruises .

    Ве очекуваме – аплицирајте на zoran@kouzon.com.mk

    ЗАВРШИ CELEBRITY SERVICE ACADEMY – MACEDONIA
    СЛЕДИ – Royal Caribbean BAR TRAINING ACADEMY – Macedonia

    1 Октомври , 2012

    Следеќи го темпото на нашите партнери од cruises индустријата , Коузон работи 24/7 .
    По успешното завршување на Тренинг Акедемијата за Celebrity Cruises , ( 24-28 September ) , во Октомври од 16-20 , Скопје ќе биде центар на првата ( на светот ) БАР тренинг Академија  за Royal Caribbean Cruises Line .

    Успехот што го постигаа тренинзите за ресторан департмент , беше причина и Бар менаџерите од Royal Caribbean Cruises Line  да се одлучат да организираат тренинг за сите нововработени .



    Скопје , како тренинг центар за сите кандидати од  Европа ( бартендери и бар сервер ) ќе биде домаќин на кандидати од 12 Европски и источно Европски држави.
    Сите кандидати кои ќе дојат во Скопје , многу скоро после обуката заминуваат веднаш на брод .

    Ова е само најава на се она што во иднина треба да следи ( во 2013 година ) кога очекуваме активностите да се зголемат и по обем но и по настани. Следно што треба да се случи во рамките на Европскиот Тренинг центар на Коузон е бар тренинг и за кандидатите за Celebrity Cruises .

    Овие информации се надевам дека за Вас представуваат мотив и Вие да аплицирате и да учествувате во некоја од следните обуки .
    Коузон Ви е гарантирано најдоброто место да го остварите својот сон и да бидете дел од Cruises индустријата .

    CELEBRITY SERVICE ACADEMY – MACEDONIA

    Скопје 24-28 Септември , 2012

    Деновиве кога сите зборуваат за најновиот и најубав брод од флотата на Celebrity Cruises ( Reflection ) кој штотуку заплови во водите на Cruises Индустријата , ние во Скопје ги подготвуваме новите вработени за овој брод.

    Од 24-28 Септември , во нашиот тренинг центар се реализира 5-тата по ред Celebrity Service Academy . Учесниците се од сите држави од Источна Европа но и од Холандија и Германија.

    Низ 5 дневната обука тие ќе се запознаат со се што мора да се знае пред да се почне работата во рестораните на овој брод.

    Стратегијата на оваа компанија да ги обучува сите нововработени ( за работа во ресторан департмент ) пред тие да се качат на брод , се покажува како екстремно корисна за самите кандидати но и за компанијата .

    Значајна е разликата на оние кои заминуваат на брод без ваква обука и сите кандидати кои во изминативе 12 месеци ја поминаа Celebrity Service Academy – Macedonia.

    Коузон со особено задоволство Ве поканува доколку Вие имате желба да работите на брод , да аплицирате и да го започнете процесот на градење блескава поморска кариера.

    Еве неколку фотографии од последната Акедемија  во Скопје .


    Celebrity Reflection Launch Countdown Begins

    18 September 2012

    The fifth ship of Solstice class, Celebrity Reflection left the shipyard Meyer Werft in Germany.

    Celebrity Reflection sailed down the Ems River on its way to the North Sea . This state of the art ship weighting 130,000 tons is 1,047 foot long and 121 foot wide. Celebrity Reflection features include signature speciality dining restaurants, AquaClass Suites and expanded AquaSpa by Elemis.

    Next step for Celebrity Reflection are the sea trials and tests followed by finishing work while the ship is in Emshaven, Holland. The maiden voyage is scheduled for 12 October from Amsterdam

    After its maiden voyage in Europe Celebrity Reflection will cross the Atlantic ocean and arrive in Miami on 1 December 2012

    СЕПТЕМВРИ – АКТИВНОСТИ ЗА СЛЕДНИТЕ ИНТЕРВЈУА

    10 Септември 2012

    Во Месец Септември , ( по напорните активности во Август ) Коузон ќе се концентрира на неколку важни настани .

    Од 24-28 Септември – во Скопје ке се одржи 5-тата по ред CELEBRITY SERVIS ACADEMY – Macedonia.
    Оваа Академија ќе биде уникатна бидеќи ќе има голме број на учесници од Западна Европа ( од Холандија, Франција , Германија , Шпанија .... и други држави ) Секако ќе има од Македонија и сите останати Балкански држави каде Коузон е Hiring Партнер за Celebrity Cruises.

    Во Септември – ја започнавме големата активност за селекција и избор на кандидати за интервјуто на Norwegian Cruises Line , кое ќе се одржи на 1 и 2 Ноември .
    И ова интервју ќе биде Балканско – за сите држави од нашево опкружување .

    Процесот на аплицирање е започнат . Бројот на отворените позиции е ограничен .

    Аплицирајте и бидете дел од ова голема бродска компанија .

    АВГУСТ – МЕСЕЦ НА ИНТЕНЗИВНА АКТИВНОСТ

    Август 2012

    Иако Август е месец за одмор ( за најголем дел од Вас ) за Коузон , Август беше исполнет со извонредно голем број на активности .
    На почетокот ( од 6-10 Август ) ја реалзииравме R.O.T.C – Macedonia , тренининг Академијата за Royal Caribbean Cruises Line . Во Скопје имаше учесници од 8 држави од Источна Европа , кои веднаш по обуката заминаа на брод.
    По ова следуваше ТУРЦИЈА . Коузон Турција организираше 2 големи интервјуа и тоа во Истанбул на 12-13 Август и во Анталија на 15 Август . Вработивме 140 одлични кандидати од оваа држава.

    Веднаш после Турција  , на 17 Август во Скопје го започнавме ГОЛЕМОТО БАЛКАНСКО ИНТЕРВЈУ   за RCCL, CCL, Azamara Club Cruises .
    На интервјуто се представија и добија вработувања кандидати од Бугарија, Србија , Босна и Херцеговина , Црна Гора , Албанија и секако од Македонија.Успехот од ова интервју и овој пат беше 97 % од пријавените кандидати – добија работа. Интервјуто заврши на 19 Август.

    На 20-21 Август
    , во нашите канцеларии се реалзиира SKYPE интервју за re-hire кандидати од цела источна Европа .

    И тоа не е се . Имавме и тренинг Академија за
    CCL .
    Големата Celebrity Cruises Academy – Macedonia , ја реализиравме од 18-23 Август. Оваа група беше најголема досега и имаше 29 учесници и тоа од : Романија, Бугарија, Турција, Македонија, Србија , Босна и Херцеговина , Словачка, Чешка и Италија .



    Академијата заврши со извонреден успех и големо задоволство од стекнатите знаења на сите учесници . Големо браво за нив .

    Што следи во Следниов период ?

    Следат интервјуa за Princess Cruises , NCL , MSC .
    Секако , следат уште неколку регрутации и за RCCL & CCL .
    Ве очекуваме Вас да аплицирате 


    Фотографии од последниот ROTC тренинг на RCCL & KOUZON - Скопје, Август 2012

    Август 2012


    ROTC – Macedonia  Августовска тренинг Академија

    6 Август 2012

    Денес во Тренинг центарот на Коузон започна новата сесија на Тренинг Академијата за најголемата светска Cruises Компанија RCCL ( Royal Caribbean Cruises Line ) .

    И оваа Академија е збир на избрани кандидати од скоро сите држави од регионов. Сите учесници се идни CREW Member’s кои без исклучок ќе заминат на бродовите на RCCL во следните 10 дена веднаш по заминувањето од Македонија . Услов да се биде дел од оваа Академија , беше избраните кандидати да зборуваат втор Европски јазик , ( покрај Англискиот кој е услов за работа во бродската индуструија ) . Нашите кандидати зборуваат Германски , Француски , Италијански и Шпански.



    Овие нови текови т.е барања и во иднина ќе бидат услов за вработување во ресторан, бар и хотел департмент .

    По оваа тренинг Академија , Коузон од 18 Август ќе ја органзира и Celebrity Service Academy- Macedonia ( 5 по ред во 2012 година )

    БАЛКАНСКО ИНТЕРВЈУ ЗА RCCL,CCL & AZAMARA CLUB CRUISES

    Август 2012 , Македонија

    Од 17-20 Август во Скопје ќе се одржи големо Балканско интервју за работа на најдобрата и најголемата Cruises компанија . ( всушност за сите три бродски компании од семејството на Royal Caribbean International Ltd. )

    Изборот на понудените позиции е безграничен . Учесници ќе бидат  Македонци , Бугари , Срби , Црногорци , Босанци  и за прв пат кандидати од Албанија .

    Ве очекуваме , Аплицирајте доколку и Вашата желба е да зарбаотите и да прошетате !!!

      Нашата лиценца за работа во Турција


    ОСТАНАТИ НОВОСТИ


    Коузон Видео







    Бар Шоу

    Имаме чест да ви го претставиме Ненад, еден од насите најдобри кандидати кој моментално работи на Celebrity Equinox на позицијата Бартендер.